IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Сабота, 23.06.2018 || „Крафт-Хајнц“ го продава Complan?  |  Отворена е 100. „Бипа“  |  „Кока-кола“ го проширува погонот во Унгарија  |  „Прилепска пиварница“ донира за Центрите за аутизам  |  „Збербанк“ ќе биде сопственик на 39,2% од „Агрокор“  |  „НТ Болеро“ отвори погон за преработка на овошје во Топола  |  „Шпар“ го отвори првиот супермаркет во Малта  |  Нови можности за квалитетните македонските вина   |  „Мегле“ почнува со дигитален процес на откуп  |  „Млекара Здравје“ се закити со 5 златни ѕвезди   |  „Нектар“ со линија за иновативни пакувања  |  „Слатка куќа“ на улица Македонија  |  „Тинекс“ со поддршка за ранливите групи  |  Tip of the Week® на англиски јазик  |  „Барила“ ќе вложи милијарда евра за одржливо работење  |  „Теско“ ја објави добивката од приватните марки  |  Успешно одржан првиот FMCG-самит во Љубљана  |  Најдобар HR менаџер e Eлизабета Мирчевска  |  „Генеза“ отвори нов погон  |  Попусти за корисниците на „Амазон прајм“ во „Хол фудс“  |   ||
   

Европа: Ќе има ли криза за путер?

11.09.2017

На Европа ѝ се заканува криза со путер, како последица на новите навики во исхраната кои доведуваат до рекордни цени на путерот во Европа и намаленото производство, за кое предупредуваат големите производители на млечни производи.

 

Според податоците на Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации, цените на путерот во јули се зголемиле за 14%.

Според официјалните податоци, резервите на путер во Европската Унија на крајот од мај изнесувале вкупно 1.396 тони, што се оценува како практично да не постојат, споредено со 92.548 тони резерви во мај 2016 година.

Според аналитичарите на пазарот, причина на високите цени на путерот се ниските откупни цени на млекото во Европа и медицинските истражувања, кои укажуваат дека путерот е поздрав за исхраната, во споредба со маргаринот.

Главниот извршен директор на данската млечна индустрија „Арла", четврта најголема млекарница во светот, Педер Туборг, на почетокот од јули предизвика бура меѓу потрошувачите, тврдејќи дека светот ќе се соочи со недостиг на путер, поради намалениот обем на производство.


Назад
 
 
 
 
back to top