IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Недела, 24.06.2018 || „Крафт-Хајнц“ го продава Complan?  |  Отворена е 100. „Бипа“  |  „Кока-кола“ го проширува погонот во Унгарија  |  „Прилепска пиварница“ донира за Центрите за аутизам  |  „Збербанк“ ќе биде сопственик на 39,2% од „Агрокор“  |  „НТ Болеро“ отвори погон за преработка на овошје во Топола  |  „Шпар“ го отвори првиот супермаркет во Малта  |  Нови можности за квалитетните македонските вина   |  „Мегле“ почнува со дигитален процес на откуп  |  „Млекара Здравје“ се закити со 5 златни ѕвезди   |  „Нектар“ со линија за иновативни пакувања  |  „Слатка куќа“ на улица Македонија  |  „Тинекс“ со поддршка за ранливите групи  |  Tip of the Week® на англиски јазик  |  „Барила“ ќе вложи милијарда евра за одржливо работење  |  „Теско“ ја објави добивката од приватните марки  |  Успешно одржан првиот FMCG-самит во Љубљана  |  Најдобар HR менаџер e Eлизабета Мирчевска  |  „Генеза“ отвори нов погон  |  Попусти за корисниците на „Амазон прајм“ во „Хол фудс“  |   ||
   

Македонија: Засилени контроли во месарниците

26.02.2018

Низа неправилности во работењето на месарниците констатирале инспекторите на Агенцијата за храна и ветеринарство при проверка на 398 месарници во Македонија.

Во периодот од декември минатата година агенцијата спровела засилени инспекциски контроли на условите за производство, чување и трговија со месо и со производи и подготовки од месо во месарниците низ земјава.

Кај дел од операторите се забележани недоследности во поглед на хигиената, непридржување од мерките за дезинфекција и дезинсекција, неправилно декларирање на местото и пуштање во промет на пратки месо без комерцијални документи. Кај некои оператори било констатирано работење без план за микробиолошки анализи на производите, а во еден случај и вршење дејност во објект што не бил регистриран во Агенцијата за храна и ветеринарство.

На фирмите кај кои биле констатирани недоследности им биле изречени 25 решенија за отстранување на недостатоците, кај 9 биле спроведени едукации, на 11 им биле изречени парични казни во износ од 3.000 до 5.000 евра, во денарска противвредност и биле уништени 414 килограми производи што биле произведени во нерегистриран објект

Од Агенцијата најавуваат дека засилените контроли во месарниците ќе продолжат и во претстојниот период, на целата територија на Република Македонија.


Назад
 
 
 
 
back to top