IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Недела, 25.02.2018 || „Маџид ал Футам“ отвора уште 100 објекти „Карфур“  |  „Диа“ оствари бруто-продажба во износ од 10 милијарди евра  |  Рамљак поднесе неотповиклива оставка  |  Пораст на „Шпар“ од 6,5% по проширувањето  |  За 40-от роденден, Стоби Флипс во вселената  |  Успешно спроведена докапитализација на „Бадел 1862“  |  „Нектар“ закупи најголемо земјиште во Владичин Хан  |  „Фереро“ ќе лансира сладолед Kinder, кој ќе го произведува „Унилевер“  |  dm најави партнерство со „Деметер“  |  „Универекспорт“ ја демантираше поврзаноста со лажната наградна игра  |  „Рекит Бенкисер“ најавува финансиско заздравување  |  Наскоро лабораторија за контрола на квалитетот на карловачките вина  |  „Алди норд“ и „Алди зид“ ќе соработуваат во натпреварот со „Лидл“  |  Турци заинтересирани за изградба на најголемата кланица  |  „Амазон“ отвора неколку дистрибутивни центри  |  Американците се „жедни“ за Corona  |   „Лидл“ ја отвори 93. продавница  |  Успешна година за „Шпар“  |  Извозот кон Русија зголемен за 10,6%  |  Пазарот на пакувана вода вреди 2,8 милијарди евра  |   ||
   

Бразил: „Волмарт“ ќе користи само обновливи извори на енергија

01.09.2017

Бразилската филијала на „Волмарт" објави дека засега 70% од енергијата што ја користи е од обновливи извори, но намерата им е до 2025 година да достигнат до 100%.

За да ја постигне таа цел, „Волмарт" – Бразил е активен во Асоцијацијата на слободен пазар на енергија (Free Energy Market Association), конкурентна средина за трговија со електрична енергија, каде што учесниците може слободно да преговараат за различни услови. „Волмарт" е еден од трите најголеми потрошувачи на слободниот енергетски пазар, а до крајот на годинава, планира да стане и најголем.

Бразилскиот „Волмарт" е насочен кон енергетска ефикасност, бидејќи струјата во моментов е еден од најголемите трошоци на малопродажните синџири во земјата.

Според зборовите на Алекс Тишира, раководител на трошоците за режија во „Волмарт" – Бразил, малопродажниот синџир веќе ги намалил трошоците за осветлување за околу 7%, со вложување во ефикасна опрема и со рационализација на трошоците.

Нашата работа е да го сведеме користењето и потрошувачката на енергија на најмала можна мера, вели тој. За да им понудиме на купувачите пониска цена, мора да ги намалиме трошоците на работењето.


Назад
 

 
 
 
back to top