IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Четврток, 13.12.2018 || „Виталиа“ продава и во Бангладеш   |  „Нектар“ и „Нелт“ се здружија во Србија   |  „Старбакс“ ќе отвори уште 2.100 ресторани ширум светот  |  „Жито маркети“ прослави 30 години   |  „Дм дрогерие маркт“ забележа двоцифрен раст   |  „Розе“ во „Вашингтон пост“   |  „Виолета“ ја разубави скопска Гинекологија   |  Vincinni извезува во Јужна Кореја   |  Тридневна дружба на вработените на „Макпрогрес“  |  „Лакталис“ го купува „Нестле“ во Малезија за 40 милиони долари   |  Трговците избраа ТОП 100 производи  |  Милијардер купи удел во Starbucks  |  Перутнина Птуј“ ќе продава салами во САД   |  „Метро Бугарија“ воведува автентични млечни продукти  |  Сертификати за компаниите што се фер со потрошувачите  |  „Унилевер“ нема да се сели во Холандија   |  Трговците бираат топ 100 производи   |  Битола стана дел од големиот проект „Coca-Cola Активни зони“   |  Производителите на чоколадо се насочуваат кон Исток   |  Трошоците на живот на месечно ниво намалени, на годишно имаат раст   |   ||
   

Свет: Во септември пад на светските цени на храната

04.10.2018
Цените на храната на светско ниво паднаа во септември во однос на август, при што порасна само цената на шеќерот, соопшти Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите Нации (ФАО). 

Ценовниот индекс што го пресметува ФАО и што ги мери промените во цените во корпа со производи (житарки, маслодајни растенија, млечни производи, месо и шеќер) изнесуваше во просек 164,5 поени во септември, наспроти 167,7 поени во август. 

Од ФАО прогнозираат дека глобалното производство на жиарки во 2018 година ќе биде 2,59 милијарди тони, што е за три милиони тони повеќе во споредба со претходната прогноза изнесена во септември, но и натаму е за 63 милиони тони или 2,4 отсто пониска во однос на рекордното ниво на производство регистрирано во 2017 година. 

Проекцијата на ФАО за светското производство на пченица во оваа година е речиси непроменета – изнесува 722,4 милиони тони, што е најмало производство од 2013 година. 



Назад
 
 
 
 
back to top