IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Недела, 23.09.2018 || Голема забава со Петко, „Поточиња“ и вкусна храна пред Веро Тафталиџе  |  Данците бараат органска храна   |  „Едека“ воведува ласерски етикети   |  „Веро“ трајно ги намали цените на 650 производи   |  Се продава „Навип винарство“   |  Кроасаните 4U добија интернационален сертификат   |  „Метро“ најави продажба на хипермаркетите „Реал“  |  Македонија со национален штанд на најголемиот прехранбен самит во ЈИЕ   |  „Фонтера“ првпат работи со загуби   |  Сарај доби „Coca-Cola Aктивна зона“   |  Кочанскиот ориз не е со ГМО   |  „Витаминка“ изложува на саемот Worldfood Москва 2018   |  „Бовин“ прослави две децении постоење   |  „Бимилк“ му даде нов лик на Тумбе Кафе во Битола   |  „Лесковачка скара“ само со дозвола   |  „Бучен Козјак“ се редизајнираше – производите со нови дизајни веќе се на полица  |  Пивото ќе поскапи од 2019 година  |  Нова мобилна апликација на „Рамстор“   |  За три месеци одземени половина тон лажен мед   |  Нема потврда од науката дека ГМО се штетни   |   ||
   

Црна Гора: Во 2013 г. ивезени месо и житарки во вредност од 132,3 милиони евра

27.12.2013
Надворешнотрговската размена на Црна Гора од почетокот на годината до 1 декември, според прелиминарните податоци на „Монстат", изнесувала 1.963 милиони евра, што е за 2,5% помалку во однос на истиот период од 2012 година. 

Извезената стока е во вредност од вкупно 341 милион евра, што е за 1,9% повеќе, а увезената е 1.624 милиони, што е помалку за 3,4% во однос на истиот период претходната година. Покриеноста на увозот со извоз изнесувала 21% и е поголема во однос на покриеноста во истиот период претходната година, кога изнесувала 19,9%.

Во структурата на извозот, според Стандардната меѓународна трговска класификација, најмноги се застапени категориите минерални горива и мазива, во износ од 99,8 милиони евра. 

Во структурата на увозот, според оваа класификација, најмногу се застапени производите на секторот храна и живи животни, во износ од 335 милиони евра, што ги сочинуваат: медо и месни преработки во износ од 82 милиони евра и житарки и производи од житарки во износ од 50,3 милиони евра. 
Во извозот, главни надворешнотрговски партнери биле: Србија (121,4 милиони евра), Хрватска (54,1 милиони евра) и Словенија (34,4 милиони евра). Во увозот, главни надворешнотрговски партнери биле: Србија (463,9 милиони евра), Грција (136,9 милиони евра) и Кина (132,4 милиони евра). Надворешнотрговската размена била најголема со потписниците на договорот ЦЕФТА и со Европската унија. 



Назад
 
 
 
 
back to top