IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Вторник, 21.08.2018 || АХВ има список од 30 можни производители на ГМО ориз  |  Акцизите за цигари и алкохол нема да се плаќаат однапред  |  „Хенкел“ оствари добри резултати во вториот квартал годинава  |  ДИС отвори два маркета во Параќин  |  Законот за петокраката може да го забрани Heineken  |  „Констелејшн брендс“ вложува 5 милијарди долари во марихуана  |  Скопско ги враќа маалските дружби во Карпош  |  Нов начин на пакување на бананите  |  Наскоро ќе се знае судбината на „Равница“  |  Во Србија храната се купува на одложено  |  „Унилевер“ има нов логистички партнер  |  Реновиран „Рамстор“ во Ново Лисиче  |  „Шпар“ ќе отвори уште 80 објекти  |  Успешно прво полугодие за „Баерсдорф“  |  Осмислена првата паметна кошница за мед  |  ЕУ одобри извоз на млеко од БиХ  |  Спорните соини шницли на „Виталиа“ содржат ГМО  |  За домашната ракија ќе се плаќа акциза  |  „Лидл“ го намалува прехранбениот отпад  |  Ќебапи и плескавици со пилешко се продавале како свински и говедски  |   ||
   

Македонија: „Витаминка“ го рестартира производството на Брилијант

16.04.2018

Во Штип деновиве беа произведени првите количини од маслото Брилијант, по неодамнешното преземање на фабриката од индустријата за прехранбени производи „Витаминка" од Прилеп.

Како што информираат од „Витаминка", новиот Брилијант е биде висококвалитетно, тројно рафинирано масло, а во рестартирањето на производството биле ангажирани околу 70 поранешни вработени од фабриката „Брилијант".

Линијата за производството, како што се наведува, е опремена со современа технологија од германско потекло, со што фабриката во Штип е единствена во регионот со три рафинатори, со капацитет на рафинираторот од 150 тони дневно, или од 39.000 тони масло годишно.

Со рестартирањето на Брилијант, влегуваме во нова фаза од работењето и отворивме нови перспективи во развојот на компанијата. Обезбедуваме суровинска база за потребите на производството, а со новиот Брилијант добивме висококвалитетен производ, единствен по составот, чистината и технолошкиот процес, со што оваа инвестиција добива многу поголемо и пошироко значење. За „Витаминка" тоа ќе значи, пред сè, подобрена деловност и можност за растење, вели Сашо Наумоски, генерален извршен директор на „Витаминка".

Новиот Брилијант ќе биде достапен со досегашниот, препознатливи изглед, со мал редизајн на етикетата.

Со договорот за купопродажба што неодамна го потпиша, „Витаминка" стана сопственик на недвижниот и подвижниот имот и на правата од индустриска сопственост -, што вклучува трговски марки и индустриски дизајн, на поранешната фабрика за масло „Брилијант" од Штип.


Назад
 
 
 
 
back to top