IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Петок, 20.07.2018 || „Луксол“ повторно работи  |  „Волмарт“ се повлекува од јапонскиот пазар  |   Нови бензиски пумпи на КТЦ  |  Добивката на „Плантаже“ изнесува 2,4 милиони евра  |  „Ошан“ воведе гласовен четбот за вино и храна  |  Нова франшизна продавница „Шпар партнер“  |  Специјално пиво по повод средбата Трамп-Путин  |  Доделени првите грантови за домашни компании  |  „Карлсберг“ отвора нова пиварница  |  Кинези ќе градат индустриски парк за овошје и зеленчук  |  Нов ИнфоЛогистички центар во Љубљана  |  „Велпро“ ќе ги поддржува малите трговци  |  Белград стана побогат за уште еден dm  |  Резултатите на „Пепсико“ се подобри од очекуваните  |  Кратошија меѓу најдобрите вина на британскиот пазар   |  „Интермарше“ за постари лица  |  Повисоки трошоци за живот и малопродажни цени во јуни  |  „Бимилк“ подари ново место за спорт и рекреација  |  „Унилевер“ го купи бугарскиот бренд сладоледи Denny  |  „Нилсен“ именуваше нов раководител за Јадранскиот Регион  |   ||
   

Македонија: Владимир Косијер нов генерален директор на „Пивара Скопје“

17.04.2018

Владимир Косијер, менаџер за продажба на групацијата „Кока-кола ХБЦ" за пазарите на Украина и Молдавија е новиот генерален директор на „Пивара Скопје", кој ќе стапи на должноста од 1 мај, соопшти компанијата.

Косијер се придружил на тимот на „Кока-кола ХБЦ" пред 16 години, во Србија, а како дел од групацијата работел на сите скалила во комецијалниот сектор и учествувал во многубројни проекти.

Компанијата има одлична репутација во Групацијата, како резултат на нејзините успеси и значење за зедницата и секако, нејзините луѓе. Верувам дека со моето искуство ќе придонесам кон натамошниот одржлив развој на компанијата и на натмошните вложувања во сите сегменти што го поттикнуваат тој развој, почнувајќи од нашиот тим, довербата на купувачите и потрошувачите во нашите брендови и секако во заедницата, оценува Косијер во првата изјава по соопштувањето на одлуката.

Косијер доаѓа на местото на Јован Радосављевиќ, кој е унапреден на позицијата генрален директор за операции на групацијата „Кока-кола ХБЦ" во Романија. Од компанијата појаснуваат дека станува збор за редовна организациска промена во рамките на групацијата, а работењето на Радосављевиќ се оценува како исклучително успешно, компанијата остварила рекордни резултати во продажбата.


Назад
 
 
 
 
back to top