IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Вторник, 21.08.2018 || АХВ има список од 30 можни производители на ГМО ориз  |  Акцизите за цигари и алкохол нема да се плаќаат однапред  |  „Хенкел“ оствари добри резултати во вториот квартал годинава  |  ДИС отвори два маркета во Параќин  |  Законот за петокраката може да го забрани Heineken  |  „Констелејшн брендс“ вложува 5 милијарди долари во марихуана  |  Скопско ги враќа маалските дружби во Карпош  |  Нов начин на пакување на бананите  |  Наскоро ќе се знае судбината на „Равница“  |  Во Србија храната се купува на одложено  |  „Унилевер“ има нов логистички партнер  |  Реновиран „Рамстор“ во Ново Лисиче  |  „Шпар“ ќе отвори уште 80 објекти  |  Успешно прво полугодие за „Баерсдорф“  |  Осмислена првата паметна кошница за мед  |  ЕУ одобри извоз на млеко од БиХ  |  Спорните соини шницли на „Виталиа“ содржат ГМО  |  За домашната ракија ќе се плаќа акциза  |  „Лидл“ го намалува прехранбениот отпад  |  Ќебапи и плескавици со пилешко се продавале како свински и говедски  |   ||
   

Јужна Америка: „Унилевер“ ја презеде „Куала“

06.03.2018

Компанијата „Унилевер" соопшти дека ја заврши аквизицијата со колумбиската „Куала", чие потфолио се состои од брендови за лична хигиена и за одржување на домаќинството.

Со договорот, кој беше најавен во мај минатата година, „Унилевер" презеде бројни латиноамерикански брендови од неколку категории, вклучувајќи ги линиите за нега на коса Savital, eGo и Bio-Expert, пастите за заби Fortident и омекнувачот за алишта Aromatel.

Пол Полман, извршен директор на „Унилевер", изјави дека со инклузијата на овие брендови, FMCG-гигантот ќе ја консолидира водечката позиција во сегментот производи за нега на коса, но и во сегментите орална хигиена и средства за бричење.

Во текот на минатата година, „Унилевер"  ја прошири единицата за производи за лична нега со преземањето на компанијата „Сандајл брендс" (производи за нега на коса и на кожа), „Шмитс натуралс" (дезодоранси) и „Карвер Кореа" (козметика).

Извор: www.esmmagazine.com

Назад
 

 
 
 
back to top