IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Понеделник, 23.07.2018 || „Луксол“ повторно работи  |  Трговски vs А-брендови  |  „Волмарт“ се повлекува од јапонскиот пазар  |   Нови бензиски пумпи на КТЦ  |  Добивката на „Плантаже“ изнесува 2,4 милиони евра  |  „Ошан“ воведе гласовен четбот за вино и храна  |  Нова франшизна продавница „Шпар партнер“  |  Специјално пиво по повод средбата Трамп-Путин  |  Доделени првите грантови за домашни компании  |  „Карлсберг“ отвора нова пиварница  |  Кинези ќе градат индустриски парк за овошје и зеленчук  |  Нов ИнфоЛогистички центар во Љубљана  |  „Велпро“ ќе ги поддржува малите трговци  |  Белград стана побогат за уште еден dm  |  Резултатите на „Пепсико“ се подобри од очекуваните  |  Кратошија меѓу најдобрите вина на британскиот пазар   |  „Интермарше“ за постари лица  |  Повисоки трошоци за живот и малопродажни цени во јуни  |  „Бимилк“ подари ново место за спорт и рекреација  |  „Унилевер“ го купи бугарскиот бренд сладоледи Denny  |   ||
   

Македонија: „Тинекс“ со поддршка за ранливите групи

13.06.2018
Како дел од проектот „Социјална инклузија преку технологија" (СИТ), „Тинекс" овозможи обука на две лица со попреченост, а на две лица работа во маркетите.
Кон прокетот СИТ, „Тинкес" се вклучи кон крајот на 2017 година и на почетокот на 2018 година, при што обезбеди можност обука на две лица со попреченост во ИТ секторот на компанијата, каде имаа можност да се стекнат со практикантски вештини и да бидат дел од тимот два месеци. По завршувањето на проектот, активностите на „Тинекс" во поглед на обезбедување поддршка за овие лица, не престана, така што на две лица им беше понудена можност за практиканство како асистенти за продажба во маркет, а поради нивната успешна соработка и максимална ангажираност, тие станаа дел од тимот на „Тинекс" и засноваа редовен работен однос.

Поддршката на социјално ранливите категории на граѓани е континуиран процес и не гледаме дека би можеле да ја сместиме во некоја временска рамка. „Компанијата 'Тинекс МТ' влезе во  овој проект преку презентација на проектот СИТ од страна на здружението 'Отвори ги прозорците'. Нашата компанија веќе има вработено лица со попречености и за нас не беше ништо ново да им овозможиме и на други лица со попречености да бидат на соодветни работни позиции колку што дозволуваше обемот на работни задачи. Овој проект само ни даде дополнителна можност да ги дополниме нашите активности за поддршка на лицата со попреченост и да ги охрабриме овие да го надградат своето знаење и искуство, истакна Соња Бојаровска, координатор за општествена одговорностн во „Тинекс".

Таа објасни дека компанијата е отворена за вработување на лица со попречености имајќи ги предвид можностите што произлегуваат од нивните капацитети и можноста за адаптацијата на просторот, за полесно движење и работа.

Проектот за „Социјална инклузија преку технологија" СИТ е финансиран од УСАИД, а спроведен од фондацијата „I Vote". Важен партнер и соработник на проектот е здружението „Отворете ги прозорците". Проектот беше поддржан и од Министерството за труд и социјална политика и Државниот трудов инспекторат. Компаниите можеа да потпишат меморандум за соработка и да овозможат практикантска работа на лицата со попречености. Главната цел на проектот е да им помогне на младите лица со попреченост да станат дел од работната сила особено во брзо растечкиот ИТ сектор и да ги подобрат вештините преку користењето и раководењето на онлајн-платформата за учење ХабИТ која претставува производ на проектот.



Назад
 
 
 
 
back to top