IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Вторник, 21.08.2018 || АХВ има список од 30 можни производители на ГМО ориз  |  Акцизите за цигари и алкохол нема да се плаќаат однапред  |  „Хенкел“ оствари добри резултати во вториот квартал годинава  |  ДИС отвори два маркета во Параќин  |  Законот за петокраката може да го забрани Heineken  |  „Констелејшн брендс“ вложува 5 милијарди долари во марихуана  |  Скопско ги враќа маалските дружби во Карпош  |  Нов начин на пакување на бананите  |  Наскоро ќе се знае судбината на „Равница“  |  Во Србија храната се купува на одложено  |  „Унилевер“ има нов логистички партнер  |  Реновиран „Рамстор“ во Ново Лисиче  |  „Шпар“ ќе отвори уште 80 објекти  |  Успешно прво полугодие за „Баерсдорф“  |  Осмислена првата паметна кошница за мед  |  ЕУ одобри извоз на млеко од БиХ  |  Спорните соини шницли на „Виталиа“ содржат ГМО  |  За домашната ракија ќе се плаќа акциза  |  „Лидл“ го намалува прехранбениот отпад  |  Ќебапи и плескавици со пилешко се продавале како свински и говедски  |   ||
   

Македонија: Стоби флипс 40 години насекаде

05.04.2018
Стоби флипс, брендот којшто во 1978 година за првпат беше произведен во „Витаминка", слави 40 години.
 
Под мотото „Стоби флипс 40 години насекаде" со многу активности во текот на целата година, компанијата ќе покаже како се создаваше и растеше најсилниот бренд во Македонија, што претставува за потрошувачите и какво значење има за компанијата и пазарот.

Секоја идеја може да биде вредна и да даде резултати, доколку се работи на неа и се вложи во нејзината реализација. Тоа го потврдува денешниот статус на Стоби флипс, 40 години континуиран квалитет на најпрепознатливиот македонски бренд. Стоби флипс, носи голема  вредност и за компанијата, затоа што со својата експанзија придонесе за порастот на „Витаминка", изјави Сашо Наумоски, Генерален извршен директор на Витаминка.

Покрај збогатувањето со нови големини и вкусови, растечката популарност на Стоби флипс, наметнува зголемување на неговото производство, предизвик на којшто „Витаминка" во целост може да одговори. Популарноста подеднакво е следена со пласирање на странските пазари и зголемување на продажбата. Денес, Стоби флипс е присутен на пазарите во 40-тина земји од целиот свет. 

Кампањата за одбележување на четридеценискиот јубилеј на Стоби Флипс, почна со лансирањето во вселената, со што стана првиот македонски бренд кој го освои и овој простор.



Назад
 
 
 
 
back to top