IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Недела, 25.02.2018 || „Маџид ал Футам“ отвора уште 100 објекти „Карфур“  |  „Диа“ оствари бруто-продажба во износ од 10 милијарди евра  |  Рамљак поднесе неотповиклива оставка  |  Пораст на „Шпар“ од 6,5% по проширувањето  |  За 40-от роденден, Стоби Флипс во вселената  |  Успешно спроведена докапитализација на „Бадел 1862“  |  „Нектар“ закупи најголемо земјиште во Владичин Хан  |  „Фереро“ ќе лансира сладолед Kinder, кој ќе го произведува „Унилевер“  |  dm најави партнерство со „Деметер“  |  „Универекспорт“ ја демантираше поврзаноста со лажната наградна игра  |  „Рекит Бенкисер“ најавува финансиско заздравување  |  Наскоро лабораторија за контрола на квалитетот на карловачките вина  |  „Алди норд“ и „Алди зид“ ќе соработуваат во натпреварот со „Лидл“  |  Турци заинтересирани за изградба на најголемата кланица  |  „Амазон“ отвора неколку дистрибутивни центри  |  Американците се „жедни“ за Corona  |   „Лидл“ ја отвори 93. продавница  |  Успешна година за „Шпар“  |  Извозот кон Русија зголемен за 10,6%  |  Пазарот на пакувана вода вреди 2,8 милијарди евра  |   ||
   

Македонија: Скопје го доби првиот аутлет за храна

11.09.2017

На почетокот на септември, во центарот на Скопје, до зградата на УЈП, на бул. „11 Октомври", бр. 115, беше отворен нов концепт на маркет на македонскиот пазар. Станува збор за „Лидер фуд аутлет", кој нуди добро познати производи „под цена", односно по цени од 50% до 90% пониски од редовните. 

Водени од податокот дека огромни количества храна се фрлаат секојдневно, сопствениците на „Толлакс",  дојдоа до идеја да отворат аутлет-маркет. Овој концепт на работа добро функционира во многу држави низ светот, а најблиску во нашиот регион го има во Хрватска. Во маркетот се продава храна со краток рок на траење, во зависност од категоријата и до 6 месеци, вишоци на произведена роба во производствените капацитети и во дистрибутивните центри која е со добар рок, како и т.н. лом роба  (скршени чоколада, оштетенa амбалажа) со пониска цена, подостапна за потрошувачите, вели за InStore менаџерот на „Лидер фуд аутлет", Александер Јаковиќ. 

За да не дојде до забуни меѓу потрошувачите, во продавницата на секој од производите освен цената, јасно и видливо е истакнат и датумот на истекот на рокот на траење, односно причината за намалување на цената.

Јаковиќ ни објасни дека почетокот бил навистина тежок, со оглед на новиот концепт на работење, но дека со многу напор успеале целосно да ја снабдат продавницата за што се благодарни на доставувачите и производителите што ја поддржаа идејата. Сепак, тие и понатаму остануваат отворени за соработка со нови доставувачи, сè со цел во својата продавница да понудат квалитетни производи по вистински „аутлет"-цени. Како што најави тој, доколку концептот се покаже како успешен, најавуваат отворање на нови локации на аутлет-маркети за храна со што би биле поблиску до потрошувачите.  


Назад
 

 
 
 
back to top