IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Четврток, 13.12.2018 || „Виталиа“ продава и во Бангладеш   |  „Нектар“ и „Нелт“ се здружија во Србија   |  „Старбакс“ ќе отвори уште 2.100 ресторани ширум светот  |  „Жито маркети“ прослави 30 години   |  „Дм дрогерие маркт“ забележа двоцифрен раст   |  „Розе“ во „Вашингтон пост“   |  „Виолета“ ја разубави скопска Гинекологија   |  Vincinni извезува во Јужна Кореја   |  Тридневна дружба на вработените на „Макпрогрес“  |  „Лакталис“ го купува „Нестле“ во Малезија за 40 милиони долари   |  Трговците избраа ТОП 100 производи  |  Милијардер купи удел во Starbucks  |  Перутнина Птуј“ ќе продава салами во САД   |  „Метро Бугарија“ воведува автентични млечни продукти  |  Сертификати за компаниите што се фер со потрошувачите  |  „Унилевер“ нема да се сели во Холандија   |  Трговците бираат топ 100 производи   |  Битола стана дел од големиот проект „Coca-Cola Активни зони“   |  Производителите на чоколадо се насочуваат кон Исток   |  Трошоците на живот на месечно ниво намалени, на годишно имаат раст   |   ||
   

Свет: Розовиот Kit Kat пристигнува и во Европа

12.04.2018

Швајцарската групација „Нестле" следната недела ќе ја лансира розовата верзија на чоколатцето KitKat во Европа, по тестирањето на производот во Јапонија и во Јужна Кореја.

Потегот е дел од стратегијата на прехранбениот гигант да ја трансформира понудата на слатки производи со воведување иновации. За почеток, новото чоколатце ќе биде достапно во Велика Британија по цена од 1,2 долари, по што ќе следува лансирањето и во другите европски земји.

Со пуштањето на пазарот, KitKat ќе стане првиот потрошувачки бренд, кој како нов вид чоколадо го развила компанијата „Бари Колбо". Б2Б-производителот на чоколадо и на какао го претстави новиот вид смеса за чоколадо во септември минатата година, како додаток на постојните вкусови – млечно, црно и бело. За „Нестле", по повеќе од 10 години истражување, ова е првиот нов вид чоколадо со децении наназад.

Розовото чоколадо (Ruby) е направено од посебни црвени какао-зрна руби, со арома и со боја на шумско овошје, кои се одгледуваат во Брегот на Слоновата Коска, Еквадор и во Бразил. Со посебен технолошки процес, се добива розово чоколадо со природна боја и вкус.


Назад
 
 
 
 
back to top