IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Недела, 25.02.2018 || „Маџид ал Футам“ отвора уште 100 објекти „Карфур“  |  „Диа“ оствари бруто-продажба во износ од 10 милијарди евра  |  Рамљак поднесе неотповиклива оставка  |  Пораст на „Шпар“ од 6,5% по проширувањето  |  За 40-от роденден, Стоби Флипс во вселената  |  Успешно спроведена докапитализација на „Бадел 1862“  |  „Нектар“ закупи најголемо земјиште во Владичин Хан  |  „Фереро“ ќе лансира сладолед Kinder, кој ќе го произведува „Унилевер“  |  dm најави партнерство со „Деметер“  |  „Универекспорт“ ја демантираше поврзаноста со лажната наградна игра  |  „Рекит Бенкисер“ најавува финансиско заздравување  |  Наскоро лабораторија за контрола на квалитетот на карловачките вина  |  „Алди норд“ и „Алди зид“ ќе соработуваат во натпреварот со „Лидл“  |  Турци заинтересирани за изградба на најголемата кланица  |  „Амазон“ отвора неколку дистрибутивни центри  |  Американците се „жедни“ за Corona  |   „Лидл“ ја отвори 93. продавница  |  Успешна година за „Шпар“  |  Извозот кон Русија зголемен за 10,6%  |  Пазарот на пакувана вода вреди 2,8 милијарди евра  |   ||
   

Хрватска: „Рибола“ прослави 25 години

12.09.2017

Со далматинска фешта за своите соработници, деловни партнери и купувачи, хрватскиот трговски синџир „Рибола" одбележа 25 години постоење, како период на инвестиции и континуиран повеќегодишен пораст.

 

Во изминатите 25 години „Рибола" успеа да израсне во трговски синџир со 77 продажни објекти, на вкупна површина од 16.500 квадратни метри, распространет во регионите Далмација и Далматинско Загорје и на големите среднодалматински острови.

Уште од своето основање, компанијата како своја основна дејност се определи за трговија на мало, пред сè, трговија со храна и пијалаци, систем во кој денес се секојдневно ангажирани 620 вработени.

Одбележувањето на 25-годишнината на „Рибола" е симболичен момент во кој накусо сите ќе подзастанеме, да се освестиме дека правиме нешто добро, дека градиме здрава, позитивна приказна и дека сме оптимисти. Гледаме како во иднина да го подобриме работењето, да бидеме пресретливи и да се прилагодуваме кон новите технологии и новитетите во малопродажбата, рече на прославата Игор Милас, директор на „Рибола"

Во 2016 година компанијата оствари приходи од околу 67 милиони евра, а во последните две години бележи стапка на пораст од 18 отсто, и препознатливост како „најдобар сосед", кон што претендира и слоганот на компанијата.


Назад
 

 
 
 
back to top