IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Четврток, 13.12.2018 || „Виталиа“ продава и во Бангладеш   |  „Нектар“ и „Нелт“ се здружија во Србија   |  „Старбакс“ ќе отвори уште 2.100 ресторани ширум светот  |  „Жито маркети“ прослави 30 години   |  „Дм дрогерие маркт“ забележа двоцифрен раст   |  „Розе“ во „Вашингтон пост“   |  „Виолета“ ја разубави скопска Гинекологија   |  Vincinni извезува во Јужна Кореја   |  Тридневна дружба на вработените на „Макпрогрес“  |  „Лакталис“ го купува „Нестле“ во Малезија за 40 милиони долари   |  Трговците избраа ТОП 100 производи  |  Милијардер купи удел во Starbucks  |  Перутнина Птуј“ ќе продава салами во САД   |  „Метро Бугарија“ воведува автентични млечни продукти  |  Сертификати за компаниите што се фер со потрошувачите  |  „Унилевер“ нема да се сели во Холандија   |  Трговците бираат топ 100 производи   |  Битола стана дел од големиот проект „Coca-Cola Активни зони“   |  Производителите на чоколадо се насочуваат кон Исток   |  Трошоците на живот на месечно ниво намалени, на годишно имаат раст   |   ||
   

Велика Британија: „Рекит Бенкисер“ најавува финансиско заздравување

21.02.2018

Групацијата „Рекит Бенкисер" соопшти дека во текот на годинава ќе заздрави од лошите финансиски резултати што беа забележани во претходниот фискален период.

Производителот на кондомите Durex и на таблетите против болки Nurofen предвидува дека компаративната продажба ќе се зголеми за 2 до 3% во 2018 година, по дванаесетмесечниот период на продажна стагнација, најдолга во историјата на компанијата.

Менаџментот на компанија се надева на заздравување по одлуката на извршниот директор Ракеш Капур, за реорганизација на бизнисот во две деловни единици – едната со фокус на производите за здравјето, а другата – за хигиена и за производи за домот. Во текот на оваа година, од компанијата прогнозираат пораст од 4 до 6% во сегментот здравје, кој се развива побрзо од вториот сегмент.

Според одредени извори, „Рекит Бенкисер" е еден од кандидатите за преземањето на FMCG-сегментот од бизнисот на фармацевтската компанија „Фајзер", во чие портфолио се таблетите Advil и балсамот за усни ChapStick. Другиот кандидат за преземање на бизнисот на „Фајзер" е британскиот производител на лекови „Глаксо Смит Клајн".

За потсетување: „Рекит Бенкисер" минатиот февруари постигна договор за преземање на американскиот производител на храна за бебиња „Мед Џонсон".

Извор: www.esmmagazine.com

Назад
 
 
 
 
back to top