IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Понеделник, 15.10.2018 || „Лакталис“ го купува „Нестле“ во Малезија за 40 милиони долари   |  Трговците избраа ТОП 100 производи  |  Милијардер купи удел во Starbucks  |  Перутнина Птуј“ ќе продава салами во САД   |  „Метро Бугарија“ воведува автентични млечни продукти  |  Сертификати за компаниите што се фер со потрошувачите  |  „Унилевер“ нема да се сели во Холандија   |  Трговците бираат топ 100 производи   |  Битола стана дел од големиот проект „Coca-Cola Активни зони“   |  Производителите на чоколадо се насочуваат кон Исток   |  Трошоците на живот на месечно ниво намалени, на годишно имаат раст   |  Расте добивката на „ПепсиКо“   |  „Нестле“ е заинтересиран да купи бренд за минерална вода  |  Германските трговци продаваат преку интернет   |  Нов „Стокомак“ во Тетово  |  Експресна услуга на нова локација во Струга  |   Увозот на храна расте побрзо од извозот   |  Во септември пад на светските цени на храната   |  „Фуд стар“ ќе извезува пилешко месо во Кина   |  „Цедевита“ доби концесија за вода   |   ||
   

Свет: Производителите на чоколадо се насочуваат кон Исток

08.10.2018
Најголемиот производител на чоколади во светот се насочува кон Исток, во обид да го зголеми својот раст, во услови на слабеење на интересот за слатки производи во САД и Западна Европа.

Компанијата со седиште во Цирих, Barry Callebaut AG, договорила купување на руската Inforum и влегува на вториот по големина пазар, според волуменот, на чоколадо во светот, соопштија од швајцарската компанија. Купувањето е знак за враќање на довербата за раст, откако рубљата падна за 12 отсто во однос на швајцарскиот франк во текот на изминатата година, според „Bloomberg".

Одлуката на Barry Callebautу покажува дека компаниите за производство на чоколадо се свртуваат кон нови пазари, додека американските и европските потрошувачи се повлекуваат од производи од шеќер во потрага по поздрави алтернативи.

Според другиот швајцарски „чоколаден" гигант Lindt & Spruengli AG, Бразил, Јужна Африка, Јапонија, Кина и Русија ќе имаат „огромен" потенцијал во наредните години. Половина од 30 до 40 продавници што треба да се отворат оваа година ќе бидат на овие нови пазари.
Европа е заситена со чоколадо и е дом на десетте земји што имаат најголем рејтинг за потрошувачка по глава на жител, според „Euromonitor International".



Назад
 
 
 
 
back to top