IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Петок, 16.11.2018 || „Виталиа“ продава и во Бангладеш   |  „Нектар“ и „Нелт“ се здружија во Србија   |  „Старбакс“ ќе отвори уште 2.100 ресторани ширум светот  |  „Жито маркети“ прослави 30 години   |  „Дм дрогерие маркт“ забележа двоцифрен раст   |  „Розе“ во „Вашингтон пост“   |  „Виолета“ ја разубави скопска Гинекологија   |  Vincinni извезува во Јужна Кореја   |  Тридневна дружба на вработените на „Макпрогрес“  |  „Лакталис“ го купува „Нестле“ во Малезија за 40 милиони долари   |  Трговците избраа ТОП 100 производи  |  Милијардер купи удел во Starbucks  |  Перутнина Птуј“ ќе продава салами во САД   |  „Метро Бугарија“ воведува автентични млечни продукти  |  Сертификати за компаниите што се фер со потрошувачите  |  „Унилевер“ нема да се сели во Холандија   |  Трговците бираат топ 100 производи   |  Битола стана дел од големиот проект „Coca-Cola Активни зони“   |  Производителите на чоколадо се насочуваат кон Исток   |  Трошоците на живот на месечно ниво намалени, на годишно имаат раст   |   ||
   

Македонија: Преработувачите очекуваат поголема конкурентност на домашниот пазар

11.05.2018

Месната преработувачка индустрија  ја поздрави одлуката на Владата за намалување на увозните давачки, односно за укинување на прелевманот и царината при увоз на замрзнато свинско месо за преработка.

Првпат по толку години добиваме одлука што нè спасува од тотален колапс. Капацитетите работат со 28-30%, а воедно сме и дискриминирани во однос на странските увозници. Со новата мерка, се покажа дека некој во оваа држава мисли и на индустријата на преработувачи на месо, изјави Слободан Кутревски од „Пекабеско", пред вчерашниот работниот состанок на Групацијата за преработка на месо и производство на сувомесни производи при Стопанската комора на Македонија.

Преработувачите очекуваат во периодот од шест месеци, колку што трае оваа мерка, да успеат да го зголемат производството и да станат поконкурентни на домашниот пазар, односно количествата што досега се увезуваа, да успеат тие да ги произведуваат.

Од оваа мерка, како што истакнаа преработувачите, придобивка ќе има и крајниот купувач. Со форсирањето на домашниот производ, освен индустријата, бенефит ќе има и купувачот – цените ќе се намалат за повеќе од 30 денари по килограм на секој готов производ, односно за 10-15%. Мерката е наменета за смрзнатото свинско месо, кое се користи за потребите на производството на свинските преработки. Значи – наменски, шестмесечно и само за потребите на индустријата. Со тоа, не добиваме никакви субвенции и стимулации, туку се изедначуваат условите за домашните компании да можат да бидат рамноправни со странските што увезуваат месни преработки, вели Кутревски.

Според домашните преработувачи, со намалувањето на увозните царински давачки, производителите на свинско месо во земјава нема да бидат загрозени, затоа што мерката не е стопроцентна, туку се однесува на 50% од утврдените потреби за суровини.

Влатко Георѓиевски од „МИК Свети Николе" напомена дека со оваа одлука, ќе се зголеми конкурентноста на домашната месна индустрија и таа ќе го најде своето место на домашниот пазар: Конечно ги добиваме условите што ги заслужуваме – досега, бевме гости дома и ги затворавме капацитетите еден по еден, посочи Ѓоргиевски изразувајќи надеж дека во следните шест месеци месната индустрија ќе успее да ги произведе количествата што досега се увезуваа.

Шестмесечниот период е преоден период, во кој треба да се види дали ќе се постигнат очекуваните резултати. Досега опстојувавме, а сега само бараме изедначување на условите. Во случај да не се остварат очекувањата во следните шест месеци, индустријата ќе биде принудена да ги намалува капацитетите и да отпушта работници, изјави за InStore Гоце Трајчев од „МИК Свети Николе".


Назад
 

 
 
 
back to top