IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Четврток, 21.09.2017 || Prohibition – нова безалкохолна верзија на Budweiser  |  „Браун-Форман“ ја зголеми продажбата  |  Oд понеделник во продажба Добриот леб   |  „Крафт-Хајнц“ заинтересирани да го преземат „Данон“  |  „Млекара Плана“ вторпат на продажба  |  „Перно Рикар“ најавува зголемување на продажбата  |  Првата пратка производи тргна за Москва  |  Најважна е поддршката на домашните компании  |  „Ахолд Делез“ е меѓу лидерите за одржливо работење  |  „Жито“ во Петровец, прв во таа општина  |  Нова сезона на „Полица за домашните“ во „Лидл“  |  Златни медали за вината на „Тиквеш“ во Кина   |  „Кока-кола ХБЦ“ и „Пивара Скопје“ – лидери по четврти пат  |  Пазарџиите ќе можат да го регулираат работниот однос  |  Прв салон за жилавка   |  Златен медал за Jufka  |  „Амазон“ ќе отвора второ седиште во Северна Америка  |  Картичките ги „јадат“ продавничките  |  Gorki List ќе ги освојува САД  |  „Рибола“ прослави 25 години  |   ||
   

Свет: Позитивни резултати во третиот квартал за „Метро“

05.09.2017

Вкупната продажба на „Метро" во третиот квартал од фискалната 2016/2017 година се зголемила за 4,9 отсто на 9,3 милијарди евра.

Групацијата „Метро" покажа силен оперативен развој со зголемување на продажбата „вредност за вредност" (like-for-like) од 2,6% во однос на истиот период минатата година. Вкупната продажба се зголемила за 4,9% на 9,3 милијарди евра, поради поволното влијание на позитивните курсни ефекти и аквизицијата на „Про а про", француска компанија специјализирана за дистрибуција на храна.

ЕБИТ се зголемил на 215 милиони евра во споредба со 68 милиони евра, колку што изнесувал во истиот период минатата година. Пред специјалните ставки, ЕБИТ изнесувал 230 милиони евра, во споредба со 239 милиони евра во третиот квартал на фискалната 2015/2016 година.

Анализирајќи го споредбениот деветомесечен период, продажбата „вредност за вредност" групацијата е подобра за 0,5% во однос на претходната година. Вкупната продажба се зголемила за 1,9% на 27,9 милијарди евра. ЕБИТ се намалил од 942 милиони евра на 720 милиони евра. Падот, првенствено се припишува на посебните ставки во износ од 120 милиони евра за мерките за реструктурирање, како и капиталната добивка од продажбата на „Метро кеш & кери" – Виетнам, кои минатата година биле вклучени во пресметката.


Назад
 

        
 
 
 
back to top