IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Недела, 24.06.2018 || „Крафт-Хајнц“ го продава Complan?  |  Отворена е 100. „Бипа“  |  „Кока-кола“ го проширува погонот во Унгарија  |  „Прилепска пиварница“ донира за Центрите за аутизам  |  „Збербанк“ ќе биде сопственик на 39,2% од „Агрокор“  |  „НТ Болеро“ отвори погон за преработка на овошје во Топола  |  „Шпар“ го отвори првиот супермаркет во Малта  |  Нови можности за квалитетните македонските вина   |  „Мегле“ почнува со дигитален процес на откуп  |  „Млекара Здравје“ се закити со 5 златни ѕвезди   |  „Нектар“ со линија за иновативни пакувања  |  „Слатка куќа“ на улица Македонија  |  „Тинекс“ со поддршка за ранливите групи  |  Tip of the Week® на англиски јазик  |  „Барила“ ќе вложи милијарда евра за одржливо работење  |  „Теско“ ја објави добивката од приватните марки  |  Успешно одржан првиот FMCG-самит во Љубљана  |  Најдобар HR менаџер e Eлизабета Мирчевска  |  „Генеза“ отвори нов погон  |  Попусти за корисниците на „Амазон прајм“ во „Хол фудс“  |   ||
   

Австрија: Пораст на „Шпар“ од 6,5% по проширувањето

23.02.2018

Трговскиот синџир „Шпар" - Австрија пријави бруто приходи од продажба во износ од 14,64 милијарди евра за 2017 година, што претставува пораст од 6,5% во споредба со годината пред тоа.

Во комапнијата оценуваат дека порастот е резултат на „силната експанзија", како и на преземањето на 40 трговски објекти на „Билла" во Хрватска.

На австрискиот пазар, групацијата ја зголемила продажбата за 4,6%, на 6,7 милијарди евра. Во истиот период, на пазарите во Италија, Унгарија, Словенија и во Хрватска, бил остварен пораст од 10%, на 5,36 милијарди евра.

Во развојот на продажната мрежа во текот на минатата година групацијата вложила 650 милиони евра, со што во портфолиото на „Шпар" сега има 175 хипермаркети Interspar, и 2.689 супермаркети Spar и Eurospar, 210 спортски продавници Hervis и 29 трговски центри.

Во истиот период е забележан пораст на приватните трговски марки на „Шпар" за 7,4%. Така, органскиот бренд Spar Natur пораснал за 20%, а Spar Premium за 29%.

„Шпар" - Австрија, ќерка-фирма во состав на холандската групација, годинава планира да вложи 700 милиони евра, за развој на нови дистрибутивни центри во италија и за понатамошно проширување на меѓународните пазари.


Назад
 
 
 
 
back to top