IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Понеделник, 15.10.2018 || „Лакталис“ го купува „Нестле“ во Малезија за 40 милиони долари   |  Трговците избраа ТОП 100 производи  |  Милијардер купи удел во Starbucks  |  Перутнина Птуј“ ќе продава салами во САД   |  „Метро Бугарија“ воведува автентични млечни продукти  |  Сертификати за компаниите што се фер со потрошувачите  |  „Унилевер“ нема да се сели во Холандија   |  Трговците бираат топ 100 производи   |  Битола стана дел од големиот проект „Coca-Cola Активни зони“   |  Производителите на чоколадо се насочуваат кон Исток   |  Трошоците на живот на месечно ниво намалени, на годишно имаат раст   |  Расте добивката на „ПепсиКо“   |  „Нестле“ е заинтересиран да купи бренд за минерална вода  |  Германските трговци продаваат преку интернет   |  Нов „Стокомак“ во Тетово  |  Експресна услуга на нова локација во Струга  |   Увозот на храна расте побрзо од извозот   |  Во септември пад на светските цени на храната   |  „Фуд стар“ ќе извезува пилешко месо во Кина   |  „Цедевита“ доби концесија за вода   |   ||
   

САД: Попусти за корисниците на „Амазон прајм“ во „Хол фудс“

08.06.2018

„Амазон" најави дека планира да го прошири пакетот придобивки за корисниците na претплатничкиот сервис „Амазон прајм" со дополнителни 121 продавница на „Хол фудс маркет" во 12 сојузни држави и во 365 продавници на целата територија на САД.

Како што соопшти компанијата, претпатниците ќе добијат дополнителен попуст од 10% на стотици производи, кои се и без тоа со намалени цени, како и ексклузивни неделни попусти на одбрани популарни производи.

Ќе понудиме можност за штедење на производи што купувачите ги сакаат и во кои ќе можат да уживаат со своите семејства, како деликатесни производи за вечера, од ракчиња и деликатесно пилешко до органски малини, вели А. Ц. Гало, главен извршен директор на „Хол фудс маркет".

Придобивките од „Амазон прајм" корисниците можат да ги искористат во продавниците „Хол фудс маркет", како и кога ги нарачуваат преку сервисот за испорака „Прајм нау".


Назад
 
 
 
 
back to top