IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Недела, 24.06.2018 || „Крафт-Хајнц“ го продава Complan?  |  Отворена е 100. „Бипа“  |  „Кока-кола“ го проширува погонот во Унгарија  |  „Прилепска пиварница“ донира за Центрите за аутизам  |  „Збербанк“ ќе биде сопственик на 39,2% од „Агрокор“  |  „НТ Болеро“ отвори погон за преработка на овошје во Топола  |  „Шпар“ го отвори првиот супермаркет во Малта  |  Нови можности за квалитетните македонските вина   |  „Мегле“ почнува со дигитален процес на откуп  |  „Млекара Здравје“ се закити со 5 златни ѕвезди   |  „Нектар“ со линија за иновативни пакувања  |  „Слатка куќа“ на улица Македонија  |  „Тинекс“ со поддршка за ранливите групи  |  Tip of the Week® на англиски јазик  |  „Барила“ ќе вложи милијарда евра за одржливо работење  |  „Теско“ ја објави добивката од приватните марки  |  Успешно одржан првиот FMCG-самит во Љубљана  |  Најдобар HR менаџер e Eлизабета Мирчевска  |  „Генеза“ отвори нов погон  |  Попусти за корисниците на „Амазон прајм“ во „Хол фудс“  |   ||
   

Италија: Пазарот на пакувана вода вреди 2,8 милијарди евра

16.02.2018

Вкупните приходи од пазарот на вода во шишиња во Италија минатата година достигнале вредност од 2,8 милијарди евра, што претставува пораст за 1% во однос на 2016 година.

Според податоците на компанијата „Бевиталиа", на италијанскиот пазар работат 135 полнилници за вода, кои пласираат 255 брендови. Вкупното производство во 2017 година достигнало до 14 милијарди литри (скок од 13,8 милијарди литри во 2016 година), од кои 12,65 милијарди биле испиени во Италија, а остатокот биле извезени.

Со извоз во вредност од 480 милиони евра, Италија е вториот по големина извозник на вода, по Франција, чија извозна вредност изнесува 600 милиони евра. Извозниот лидер е познат по брендовите Evian на „Данон" и Perrier на „Нестле".

Природната минерална вода претставува 68% од вкупната пакувана вода што се консумира во Италија, додека 18% се газирана вода. Најголемиот дел од продажбата (69%) бил остварен во хипермаркетите, супермаркетите и во дисконтите, по кои следуваат каналот хорека (21%) и традиционалните продавници (10%). Во однос на пакувањето, водата се полни во ПЕТ-амбалажа (81%), стаклени шишиња (17%) и во други видови (2%).

Лидери на пазарот

Осумте водечки производители – „Санпелегрино Нестле вотерс", „Сан Бенедето", „Фонти ди Винадио", „Норда", „Лете", „Ферареле", „Ко.Џе.Ди" и „Спумадор", го држат мнозинскиот дел од пазарниот удел (73,5%), со вкупно количество од 10,29 милијарди литри годишно.

Групацијата „Санпелегрино" ја потврди лидерската позиција со остварениот приход од 895 милиони евра и со пазарен удел од 18,6%. Во текот на последните неколку години, компанијата ја заокружи стратегијата на регионално дезинвестирање на работењето, ставајќи го фокусот на националните и на меѓународните брендови, како што се San Pellegrino, Acqua Panna, Levissima и Nestlé Vera.

„Сан Бенедето" се наоѓа на второто место, со приход од 592 милиони и со пазарен удел од 17,1%. Полнилниците продолжуваат со територијално проширување и досега компанијата поседува шест производствени погони за брендовите San Benedetto, Guizza, Acqua di Nepi, Cutolo Rionero, Pura da Roccia и Antica Fonte da Salute.

Приходот на третата по големина компанија – „Фонти ди Винадио", која воедно е и најбрзорастечка, минатата година досстигнал до 300 милиони евра.

Според Асоцијацијата на индустријата за минерална вода „Минераква", просечната годишна потрошувачка на пакувана вода во Италија изнесува 20 литри по жител, што отвора голем простор за понатамошен пораст.

Извор: www.esmmagazine.com

Назад
 

 
 
 
back to top