IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Четврток, 13.12.2018 || „Виталиа“ продава и во Бангладеш   |  „Нектар“ и „Нелт“ се здружија во Србија   |  „Старбакс“ ќе отвори уште 2.100 ресторани ширум светот  |  „Жито маркети“ прослави 30 години   |  „Дм дрогерие маркт“ забележа двоцифрен раст   |  „Розе“ во „Вашингтон пост“   |  „Виолета“ ја разубави скопска Гинекологија   |  Vincinni извезува во Јужна Кореја   |  Тридневна дружба на вработените на „Макпрогрес“  |  „Лакталис“ го купува „Нестле“ во Малезија за 40 милиони долари   |  Трговците избраа ТОП 100 производи  |  Милијардер купи удел во Starbucks  |  Перутнина Птуј“ ќе продава салами во САД   |  „Метро Бугарија“ воведува автентични млечни продукти  |  Сертификати за компаниите што се фер со потрошувачите  |  „Унилевер“ нема да се сели во Холандија   |  Трговците бираат топ 100 производи   |  Битола стана дел од големиот проект „Coca-Cola Активни зони“   |  Производителите на чоколадо се насочуваат кон Исток   |  Трошоците на живот на месечно ниво намалени, на годишно имаат раст   |   ||
   

Македонија: Основан е Клуб на извозници

07.12.2017

Конститутивната седница на Клубот на извозници при Стопанската комора на Македонија се одржа во вторникот.

Клубот ќе функционира како посебна форма на организирање и работење при Комората, чиишто приоритети ќе бидат насочени на помагање на членовите во надворешно-трговското работење. Целта ќе биде развивање на трговските контакти и насочување на извозно-увозните можности за повисоки облици на соработка и надминување на проблемите, кои во моментот се пречка за зголемувањето на извозот на домашните компании.

Нецаринските бариери, различните прописи, неусогласените законодавни системи, недоволното знаење за критериумите на извозните пазари, продажни канали, логистика и услови за испорачување, недостатокот од маркетиншки и продажни вештини, се само дел од предизвиците со кои компаниите-членки на Стопанската комора се соочуваат кога извезуваат во соседните пазари.

На конститутивната седница се усвои Програмата за работа, која ќе биде насочена на развивање и унапредување на соработката со надлежните институции во земјата и во странство, продлабочување на меѓународните активности преку промоција на извозно ориентираните компании, како и едукативни настани, преку кои ќе се споделуваат искуства и знаења од домашни и странски експерти за зголемување на конкурентноста на македонските компании на странските пазари.

Истовремено, сите други форми на организирање и на работење, што во моментот функционираат во рамките на Комората, чијшто предмет на работење опфаќа активности за унапредување на соработката со одредени земји/подрачја, ќе се присоединат кон Клубот на извозници.

За претседател на Клубот, со мандат од две години, е избран Глигор Цветанов, извршен директор на „Макпрогрес", а Горан Антевски од компанијата „Раде Кончар – ТЕП" е избран за потпретседател.


Назад
 
 
 
 
back to top