IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Сабота, 17.11.2018 || „Виталиа“ продава и во Бангладеш   |  „Нектар“ и „Нелт“ се здружија во Србија   |  „Старбакс“ ќе отвори уште 2.100 ресторани ширум светот  |  „Жито маркети“ прослави 30 години   |  „Дм дрогерие маркт“ забележа двоцифрен раст   |  „Розе“ во „Вашингтон пост“   |  „Виолета“ ја разубави скопска Гинекологија   |  Vincinni извезува во Јужна Кореја   |  Тридневна дружба на вработените на „Макпрогрес“  |  „Лакталис“ го купува „Нестле“ во Малезија за 40 милиони долари   |  Трговците избраа ТОП 100 производи  |  Милијардер купи удел во Starbucks  |  Перутнина Птуј“ ќе продава салами во САД   |  „Метро Бугарија“ воведува автентични млечни продукти  |  Сертификати за компаниите што се фер со потрошувачите  |  „Унилевер“ нема да се сели во Холандија   |  Трговците бираат топ 100 производи   |  Битола стана дел од големиот проект „Coca-Cola Активни зони“   |  Производителите на чоколадо се насочуваат кон Исток   |  Трошоците на живот на месечно ниво намалени, на годишно имаат раст   |   ||
   

Македонија: Нови можности за квалитетните македонските вина

14.06.2018
По добивањето на највисоката награда на „Декантер" - платинест медал за црвеното вино „Барово 2015" на „Тиквеш", истакнатиот вински критичар, автор и член на жирито на овој престижен вински натпревар, Дарел Џозеф, истакна дека наградата ќе овозможи препознатливост на македонски вина во светски рамки. 
Според пропозициите на винскиот натпревар, платинест медал се доделува на вина што претходно освоиле златни медали, а за значајноста на натпреварот говори и фактот дека за освојување на златото, потребно е да се освојат над 90 поени. По освојувањето на златниот медал, вината повторно се оценуваат во посебна сесија. На овој начин виното Barovo 2015, освои вкупно 97 поени и платинест медал.

Освојувањето платинест медал во конкуренција на близу 17.000 вина од целиот свет е огромен успех кој покажува дека се работи за вино со исклучителен квалитет. Многу е мал процентот на вина што добиваат ваква награда, особено поради тоа што очекувањата на членовите на жирито се екстремно високи и многу строги, вели Дарел Џозеф, чија специјалност се вината кои потекнуваат од Југоисточна Европа. Тој додаде дека наградата, освен за промоција на вината од „Тиквеш", треба да се искористи за пробив и промоција на квалитетните македонски вина, но за тоа потребни се финансиски средства, поддршка од државата и заедничка соработка меѓу винарниците. 

Според Џозеф, македонските вина со својот квалитет не заостануваат од вината од регионов, а за поголем пласман и промоција олеснителна околност е фактот што љубителите на вината сè повеќе сакаат да пробаат специфични сорти вино, кои со себе носат приказна и се од неоткриени делови од светот. 

Задоволни сме и горди на овој успех. Тој е резултат на нашите сериозни и долгорочни напори и вложувања во сите сегменти кои гарантираат производството на врвни, автентични вина. Верувам дека тие ќе креираат дополнителни можности за пласман на нашите вина на странските пазари, особено европските и истовремено ќе го зголемат вкупниот извозен потенцијал на индустријата, објасни генералниот директор на ВВ „Тиквеш", Радош Вукиќевиќ.  

Марко Стојаковиќ, главен енолог во „Тиквеш" истакна дека наградата е гордост и за енолошкиот тим на винарницата, кој напорно работи за обезбедување на висококвалитетно грозје, што е предуслов за добивање квалитетни вина. 

Покрај платинестиот медал за црвеното вино „Барово", награди освоија и други 12 вина, со што вкупната бројка на награди за вината на „Тиквеш" во првата половина од годината ја надмина бројката од 50 медали. 



Назад
 
 
 
 
back to top