IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Четврток, 13.12.2018 || „Виталиа“ продава и во Бангладеш   |  „Нектар“ и „Нелт“ се здружија во Србија   |  „Старбакс“ ќе отвори уште 2.100 ресторани ширум светот  |  „Жито маркети“ прослави 30 години   |  „Дм дрогерие маркт“ забележа двоцифрен раст   |  „Розе“ во „Вашингтон пост“   |  „Виолета“ ја разубави скопска Гинекологија   |  Vincinni извезува во Јужна Кореја   |  Тридневна дружба на вработените на „Макпрогрес“  |  „Лакталис“ го купува „Нестле“ во Малезија за 40 милиони долари   |  Трговците избраа ТОП 100 производи  |  Милијардер купи удел во Starbucks  |  Перутнина Птуј“ ќе продава салами во САД   |  „Метро Бугарија“ воведува автентични млечни продукти  |  Сертификати за компаниите што се фер со потрошувачите  |  „Унилевер“ нема да се сели во Холандија   |  Трговците бираат топ 100 производи   |  Битола стана дел од големиот проект „Coca-Cola Активни зони“   |  Производителите на чоколадо се насочуваат кон Исток   |  Трошоците на живот на месечно ниво намалени, на годишно имаат раст   |   ||
   

Македонија: Нова мобилна апликација на „Рамстор“

14.09.2018
Денес, официјално беше промовирана новата мобилна апликација на „Рамстор" која е веќе во функција и достапна за потрошувачите. 
 
Мобилната апликација која сите граѓани можат да ја симнат преку App Store и Google Plаy е функционална и едноставна за користење, а потрошувачите ќе имаат јасен преглед на понудите во „Рамстор" и полесно купувачко искуство приспособено на нивните индивидуални потреби, рече Горан Џугоманов, ИТ менаџер во „Рамстор".
 
Исто така тој додаде дека, со едноставно најавување на клуб-картичката на „Рамстор", корисниците имаат можност да бидат известени за актуелните кориснички кампањи, да ги споредат трошењата и заштедите, како и да имаат увид во деталите од поените кои ги имаат на клуб-картичката.
 
 На промоцијата на мобилната апликација се обрати и генералниот директор на „Рамстор"  Ајхан Узун, еден од главните иницијатори за реализација на овој проект: Како „Рамстор", се стремиме да бидеме онаму каде што се нашите клиенти и потенцијални клиенти, а нашиот иновативен и лидерски идентитет благодарение на кој во голема мера се издвојуваме од нашите конкуренти, придонесе за зацврстување на покривот на нашата корпоративна маркетинг-кампања во Македонија која ја сочинуваат клуб-картичката „Рамстор" и апликацијата еден денар = еден поен. 
 
Во поглед на инвестицискиот план, Узун истакна дека со новоотворените 6 маркети минатата година инвестирани се 1 милион евра и 100 нови вработувања, на што како компанија се особено горди. Тој најави дека двоцифренот пораст во последните 3 години ќе продолжи и во наредниот период.

Назад
 
 
 
 
back to top