IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Петок, 16.11.2018 || „Виталиа“ продава и во Бангладеш   |  „Нектар“ и „Нелт“ се здружија во Србија   |  „Старбакс“ ќе отвори уште 2.100 ресторани ширум светот  |  „Жито маркети“ прослави 30 години   |  „Дм дрогерие маркт“ забележа двоцифрен раст   |  „Розе“ во „Вашингтон пост“   |  „Виолета“ ја разубави скопска Гинекологија   |  Vincinni извезува во Јужна Кореја   |  Тридневна дружба на вработените на „Макпрогрес“  |  „Лакталис“ го купува „Нестле“ во Малезија за 40 милиони долари   |  Трговците избраа ТОП 100 производи  |  Милијардер купи удел во Starbucks  |  Перутнина Птуј“ ќе продава салами во САД   |  „Метро Бугарија“ воведува автентични млечни продукти  |  Сертификати за компаниите што се фер со потрошувачите  |  „Унилевер“ нема да се сели во Холандија   |  Трговците бираат топ 100 производи   |  Битола стана дел од големиот проект „Coca-Cola Активни зони“   |  Производителите на чоколадо се насочуваат кон Исток   |  Трошоците на живот на месечно ниво намалени, на годишно имаат раст   |   ||
   

Македонија/Црна Гора: Нова инвестиција на „Даути комерц“

14.05.2018

Компанијата „Даути комерц" вчера отвори нов дистрибутивен центар во Подгорица, Црна Гора, инвестиција вредна вредна 3,5 милиони евра.

Со новата инвестиција, „Даути комерц" по 14 години работа на црногорскиот пазар, го заокружува своето присуство со сопствен стопански објект, преку кој ќе се третира увезената стока од Македонија, Србија, ЕУ, Азија и Јужна Америка.

На свеченото отворање на третата инвестиција на македонската компанија во регионот, по веќе реализираните во Косово и во Албанија, присуствуваа голем број стопанственици, истакнати бизнисмени од регионот.

Претседателот на Стопанската комора на Македонија Бранко Азески, кој со тим соработници беше присутен на свеченото отворање ја поздрави ја одлуката на „Даути комерц" за проширување на бизнис-активностите во регионални рамки, со кои во текот на 25 години компанијата прерасна во препознатлив регионален бренд.

За разлика од индустриските капацитети каде инвестициите и вложувањата се мерат првенствено во финансиски показатели, „Даути комерц" го потврдува успехот со исклучително професионалниот начин на продажба и пласирање на производите на пазарот, со развиени најнови технологии во сите свои претставништва и со навремени одлуки за инвeстиции, кои го подобруваат процесот на увоз и дистрибуција на стока до крајните потрошувачи. На тој начин, компанијата успева да обезбеди доминантна позиција на производите и брендовите што ги застапува на пазарите, на кои е присутна, истакна Азески.

„Даути комерц", која освен увоз работи и извоз, досега има вложено 25 милиони евра во различни форми на стопански објекти. Компанијата континуирано вложува во нови кадри и вработувања, возен парк, шпедитерски услуги итн.


Назад
 
 
 
 
back to top