IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Недела, 23.09.2018 || Голема забава со Петко, „Поточиња“ и вкусна храна пред Веро Тафталиџе  |  Данците бараат органска храна   |  „Едека“ воведува ласерски етикети   |  „Веро“ трајно ги намали цените на 650 производи   |  Се продава „Навип винарство“   |  Кроасаните 4U добија интернационален сертификат   |  „Метро“ најави продажба на хипермаркетите „Реал“  |  Македонија со национален штанд на најголемиот прехранбен самит во ЈИЕ   |  „Фонтера“ првпат работи со загуби   |  Сарај доби „Coca-Cola Aктивна зона“   |  Кочанскиот ориз не е со ГМО   |  „Витаминка“ изложува на саемот Worldfood Москва 2018   |  „Бовин“ прослави две децении постоење   |  „Бимилк“ му даде нов лик на Тумбе Кафе во Битола   |  „Лесковачка скара“ само со дозвола   |  „Бучен Козјак“ се редизајнираше – производите со нови дизајни веќе се на полица  |  Пивото ќе поскапи од 2019 година  |  Нова мобилна апликација на „Рамстор“   |  За три месеци одземени половина тон лажен мед   |  Нема потврда од науката дека ГМО се штетни   |   ||
   

Свет: „Нестле“ ќе го реорганизира бизнисот со храна за бебиња

17.11.2017

Швајцарскиот прехранбен гигант „Нестле" објави дека ќе го реорганизира бизнисот со храна за бебиња, за да ги подобри своите резултати.

Оваа одлука е донесена пет месеци откако извршниот директор Марк Шнајдер ја наведе категоријата како еден од приоритетите за пораст во иднина.

Од „Нестле" соопштуваат дека бизнисот со храна за бебиња, кој е основан пред повеќе од 150 години, од 1 јануари следната година ќе биде повеќе регионално управуван, отколку глобално. Притоа, ќе биде создадена „стратешка деловна единица" за одржување на глобалната стратегија, која ќе управува со иновациите, управувањето со квалитетот, усогласеноста и со глобалниот капацитет за производство. Менаџерите на бизнисот со храна за бебиња ќе бидат наведени посебно за трите региони (Европа, Америка и Азија) и ќе имаат за цел да ја имплементираат стратегијата на локалните пазари.

Пофлексибилната и поефикасна структура ќе ѝ овозможи на компанијата да реагира побрзо на промените на навиките на локалните потрошувачи, како и на развојните регулативи. Со новата организација, веруваме дека бизнисот ќе има забрзан органски пораст и подобри перформанси, соопштуваат од „Нестле".

Според „Фајненшал тајмс", овој потег е стратегија на компанијата, за подобро да се натпреварува со локалните конкуренти и со стартап-компаниите.


Назад
 
 
 
 
back to top