IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Петок, 16.11.2018 || „Виталиа“ продава и во Бангладеш   |  „Нектар“ и „Нелт“ се здружија во Србија   |  „Старбакс“ ќе отвори уште 2.100 ресторани ширум светот  |  „Жито маркети“ прослави 30 години   |  „Дм дрогерие маркт“ забележа двоцифрен раст   |  „Розе“ во „Вашингтон пост“   |  „Виолета“ ја разубави скопска Гинекологија   |  Vincinni извезува во Јужна Кореја   |  Тридневна дружба на вработените на „Макпрогрес“  |  „Лакталис“ го купува „Нестле“ во Малезија за 40 милиони долари   |  Трговците избраа ТОП 100 производи  |  Милијардер купи удел во Starbucks  |  Перутнина Птуј“ ќе продава салами во САД   |  „Метро Бугарија“ воведува автентични млечни продукти  |  Сертификати за компаниите што се фер со потрошувачите  |  „Унилевер“ нема да се сели во Холандија   |  Трговците бираат топ 100 производи   |  Битола стана дел од големиот проект „Coca-Cola Активни зони“   |  Производителите на чоколадо се насочуваат кон Исток   |  Трошоците на живот на месечно ниво намалени, на годишно имаат раст   |   ||
   

Швајцарија/САД: „Нестле“ ќе го продава кафето на „Старбакс“

10.05.2018

Швајцарскиот прехранбен синџир „Нестле" ќе му плати 7,15 милијарди долари во готово на „Старбакс" за преземање на правата за продажба на производи од тој американски синџир на кафетерии низ целиот свет.

Според договорот, компанијата „Нестле" има право да продава и да дистрибуира поголем дел од производите на „Старбакс" (кафе, чај и храна) надвор од нивните кафетерии, со исклучок на некои пакувани пијалаци.

Со најновата алијанса, „Нестле" ќе ја зацврсти позицијата како најголем светски производител на кафе и значително ќе ја зголеми соработката по акција, почнувајќи од 2019 година, пренесува „Ројтерс". Договорот ќе биде исплатлив за швајцарската компанија, затоа што брендовите Nescafé и Nespresso ја немаат истата тежина во Америка, како што има ја имаат производите на „Старбакс" со 2 милијарди долари приходи од годишната продажба.

Во рамките на новата трансакција, која би требало да биде заклучена до крајот на годинава, „Нестле" ќе преземе околу 500 вработени од „Старбакс".


Назад
 
 
 
 
back to top