IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Недела, 25.02.2018 || „Маџид ал Футам“ отвора уште 100 објекти „Карфур“  |  „Диа“ оствари бруто-продажба во износ од 10 милијарди евра  |  Рамљак поднесе неотповиклива оставка  |  Пораст на „Шпар“ од 6,5% по проширувањето  |  За 40-от роденден, Стоби Флипс во вселената  |  Успешно спроведена докапитализација на „Бадел 1862“  |  „Нектар“ закупи најголемо земјиште во Владичин Хан  |  „Фереро“ ќе лансира сладолед Kinder, кој ќе го произведува „Унилевер“  |  dm најави партнерство со „Деметер“  |  „Универекспорт“ ја демантираше поврзаноста со лажната наградна игра  |  „Рекит Бенкисер“ најавува финансиско заздравување  |  Наскоро лабораторија за контрола на квалитетот на карловачките вина  |  „Алди норд“ и „Алди зид“ ќе соработуваат во натпреварот со „Лидл“  |  Турци заинтересирани за изградба на најголемата кланица  |  „Амазон“ отвора неколку дистрибутивни центри  |  Американците се „жедни“ за Corona  |   „Лидл“ ја отвори 93. продавница  |  Успешна година за „Шпар“  |  Извозот кон Русија зголемен за 10,6%  |  Пазарот на пакувана вода вреди 2,8 милијарди евра  |   ||
   

Македонија: Најважна е поддршката на домашните компании

14.09.2017

За пораст на економијата во земјава клучна е поддршката на домашните компании, кои своите производи треба да ги пласираат на странските пазари.

Тоа се заклучоците на студијата на Виенскиот институт за меѓународни економски студии - „Македонија денес и за 30 години", која е изработена од експертот Владимир Глигоров, во рамките на склучената соработка меѓу Стопанската комара на Македонија и Институтот.

Според Глигоров, за пораст на економијата во земјава клучна е поддршката на домашните компании, кои своите производи треба да ги пласираат на странските пазари. Потребно е да се вложува во иновативни проекти, во научно-технолошки процеси, како и да се спроведуваат активни мерки за вработување, вели тој и додава дека странските инвестиции се добредојдени, но земјата мора да има сопствен претприемнички потенцијал.

Двата основни проблеми во македонското стопанство, според Глигоров се тоа што домашните компании се многу ориентирани на домашниот пазар и дека нема доволно иновативност. Тој смета дека макроекономската рамка во земјава е добро поставена, политиката на фиксниот курс на денарот е добра и дека стопанството добро се приспособува. Порачува дека има простор за реформи во даночниот систем, а меѓу другите препораки што тој ги посочи, се продолжување на инвестициите во инфраструктурата и активно учество во Берлинскиот процес.

Македонските граѓани ќе го достигнат европскиот стандард на живот за 30 години, ако во наредните години има пораст на БДП во земјава од 4%, а порастот во ЕУ да биде 2%. Според истражувањето, главните проблеми во изминатите 30 години биле невработеноста, затвореноста на стопанството, односно нискиот извоз, како и нестабилноста. Фокусот треба да биде на извозот, кој е генератор и на развојот и на порастот на вработувањата.


Назад
 

 
 
 
back to top