IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Недела, 25.02.2018 || „Маџид ал Футам“ отвора уште 100 објекти „Карфур“  |  „Диа“ оствари бруто-продажба во износ од 10 милијарди евра  |  Рамљак поднесе неотповиклива оставка  |  Пораст на „Шпар“ од 6,5% по проширувањето  |  За 40-от роденден, Стоби Флипс во вселената  |  Успешно спроведена докапитализација на „Бадел 1862“  |  „Нектар“ закупи најголемо земјиште во Владичин Хан  |  „Фереро“ ќе лансира сладолед Kinder, кој ќе го произведува „Унилевер“  |  dm најави партнерство со „Деметер“  |  „Универекспорт“ ја демантираше поврзаноста со лажната наградна игра  |  „Рекит Бенкисер“ најавува финансиско заздравување  |  Наскоро лабораторија за контрола на квалитетот на карловачките вина  |  „Алди норд“ и „Алди зид“ ќе соработуваат во натпреварот со „Лидл“  |  Турци заинтересирани за изградба на најголемата кланица  |  „Амазон“ отвора неколку дистрибутивни центри  |  Американците се „жедни“ за Corona  |   „Лидл“ ја отвори 93. продавница  |  Успешна година за „Шпар“  |  Извозот кон Русија зголемен за 10,6%  |  Пазарот на пакувана вода вреди 2,8 милијарди евра  |   ||
   

Србија: Најголемата органска фарма ќе отвори млекарница

30.08.2017

Најголемата фарма за ситна стока во Србија, фармата на сточарот Мирослав Габриќ во Бачки Виногради, кај Суботица, својата дејност ќе ја прошири со млекарница, во која ќе се преработува органски произведеното млеко од стадата овци и кози што ги одгледува, јави српскиот портал „еКапија".

Фармата во моментов одгледува повеќе од 1.500 овци од три различни раси и околу 700 алпински кози, згрижени според нормите за органско земјоделство и сточарство. Низ досегашната практика, најисплатливи од расите овци со кои работеле, се покажала расата британски млечни овци.

Од британските млечни овци ги зачувавме сите женски јагниња, односно подмладокот, и сел од машкото потомство. На нашата фарма ова е второ јагнење на овците од оваа раса. Ги увезов пред околу година и пол, сега имаме стотина, вели сопственикот на фармата, Мирослав Габриќ, кој во моментов е единствениот одгледувач на британски овци во Србија.

Британските млечни овци се настанати со вкрстување на неколку стари раси овци во 1980-тите години во Англија.

Денес, од околу 75 раси во Велика Британија, овие овци се сметаат за најплодни. Овците-рекордерки од расата постигнале животно производство од 44 јагниња во 10 јагнења, односно, индекс на плодност од 440%, вели Габриќ.

Во фармата велат дека се задоволни од резулататите што ги постигнуваат со млечноста на овците.

Нашето искуство покажува дека во период околу 200 денови имаат околу 300 литри млеко. Не сме ги молзеле 200 дена, но според тестовите што ги направивме досега, нивната млечност е повење од 300 литри, додава сопственикот.

Во млекарницата е предвидено да се произведуваат три видови сирење, сурутка и кисело млеко, кои ќе бидат првите млечни производи со сертификат за органски производ во Србија. Зборувајќи за идните планови, од фармата велат дека имаат амбиција да прераснат во органска фарма со стадо од вкупно 10.000 британски овци.


Назад
 

 
 
 
back to top