IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Понеделник, 17.12.2018 || „Виталиа“ продава и во Бангладеш   |  „Нектар“ и „Нелт“ се здружија во Србија   |  „Старбакс“ ќе отвори уште 2.100 ресторани ширум светот  |  „Жито маркети“ прослави 30 години   |  „Дм дрогерие маркт“ забележа двоцифрен раст   |  „Розе“ во „Вашингтон пост“   |  „Виолета“ ја разубави скопска Гинекологија   |  Vincinni извезува во Јужна Кореја   |  Тридневна дружба на вработените на „Макпрогрес“  |  „Лакталис“ го купува „Нестле“ во Малезија за 40 милиони долари   |  Трговците избраа ТОП 100 производи  |  Милијардер купи удел во Starbucks  |  Перутнина Птуј“ ќе продава салами во САД   |  „Метро Бугарија“ воведува автентични млечни продукти  |  Сертификати за компаниите што се фер со потрошувачите  |  „Унилевер“ нема да се сели во Холандија   |  Трговците бираат топ 100 производи   |  Битола стана дел од големиот проект „Coca-Cola Активни зони“   |  Производителите на чоколадо се насочуваат кон Исток   |  Трошоците на живот на месечно ниво намалени, на годишно имаат раст   |   ||
   

Блиски Исток: „Монделез“ вложува 90 милиони евра во „фабрика на иднината“

20.04.2018

„Монделез интернационал" најави отворање на, како што опишува, фабрика на иднината во заливската држава Бахреин.

Компанијата инвестирала околу 90 милиони долари во технолошки напреден погон за производство, каде што ќе се произведуваат кексите Oreo и меките бисквити Barni, но ќе служи и како извозен центар за земјите од Персискиот Залив и за одредени африкански земји. Со тоа, како што се наведува во соопштенито на компанијата, ќе бидат намалени логистичките трошоци.

Новата фабрика ќе има производствен капацитет од околу 45.000 тони годишно, на површина од 250.000 квадратни метри. Тоа е втората по вредност инвестиција што компанијата ја спроведува во Бахреин во последните десет години. Првиот погон на „Монделез" во оваа островска држава беше активиран од 2008 година.

Од компанијата велат дека новиот погон најдобро го отсликува начинот на кој „Монделез" го гради снабдувачкиот синџир од светска класа. „Фабриките на иднината" на стратешки точки низ целиот свет се одговор на зголемената побарувачка и, како што се наведува, со нив се зголемува флексибилноста компанијата.

Извор: www.esmmagazine.com


Назад
 
 
 
 
back to top