IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Понеделник, 23.07.2018 || „Луксол“ повторно работи  |  Трговски vs А-брендови  |  „Волмарт“ се повлекува од јапонскиот пазар  |   Нови бензиски пумпи на КТЦ  |  Добивката на „Плантаже“ изнесува 2,4 милиони евра  |  „Ошан“ воведе гласовен четбот за вино и храна  |  Нова франшизна продавница „Шпар партнер“  |  Специјално пиво по повод средбата Трамп-Путин  |  Доделени првите грантови за домашни компании  |  „Карлсберг“ отвора нова пиварница  |  Кинези ќе градат индустриски парк за овошје и зеленчук  |  Нов ИнфоЛогистички центар во Љубљана  |  „Велпро“ ќе ги поддржува малите трговци  |  Белград стана побогат за уште еден dm  |  Резултатите на „Пепсико“ се подобри од очекуваните  |  Кратошија меѓу најдобрите вина на британскиот пазар   |  „Интермарше“ за постари лица  |  Повисоки трошоци за живот и малопродажни цени во јуни  |  „Бимилк“ подари ново место за спорт и рекреација  |  „Унилевер“ го купи бугарскиот бренд сладоледи Denny  |   ||
   

САД: „Монделез“ го презема „Тејтс бејк шоп“

11.05.2018

Компанијата „Монделез интернационал" најави преземање на американската компанија за производство на премиум бисквити и пекарски производи „Тејтс бејк шоп" за околу 500 милиони долари.

Новата аквизиција на „Монделез" ќе му обезбеди да ја зајакне позицијата во категоријата премиум бисквити.

„Тејтс бејк шоп" е во сопственост на приватната фирма „Риверсајд" и на други акционери, вклучувајќи ја и основачката Кетлин Кинг. Брендот е достапен на трговските полици – во деликатесните оддели во маркетите, во продавниците за здрава храна низ САД, како и преку интернет.

Кинг ја основала „Тејтс бејк шоп" во 1980 година, а во последните 12 месеци, брендот е меѓу најбрзорастечките во САД, се наведува во соопштението на „Монделез", при што се додава дека компанијата ја зголемија продажбата четирипати во последните пет години. „Тејтс бејк шоп" ќе продолжи да работи како самостојна единица во рамките на „Монделез интернационал", а производството ќе го продолжи во сопствениот погон.

Оваа компанија стратешки се вклопува и ќе го дополни нашето потрфолио со вистинските производи, изјави Дирк Ван де Пут, извршен директор на „Монделез".

Како што најави претходно, приходите на „Монделез интернационал" минатата година изнесувале 25,9 милијарди долари, што е помалку за 0,1% во споредба со претходната година. Како причина за падот се наведува намалувањето на продажбата на северноамериканскиот пазар. Компанијата работи во 160 земји низ целиот свет.

Извор: www.esmmagazine.com


Назад
 
 
 
 
back to top