IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Недела, 24.06.2018 || „Крафт-Хајнц“ го продава Complan?  |  Отворена е 100. „Бипа“  |  „Кока-кола“ го проширува погонот во Унгарија  |  „Прилепска пиварница“ донира за Центрите за аутизам  |  „Збербанк“ ќе биде сопственик на 39,2% од „Агрокор“  |  „НТ Болеро“ отвори погон за преработка на овошје во Топола  |  „Шпар“ го отвори првиот супермаркет во Малта  |  Нови можности за квалитетните македонските вина   |  „Мегле“ почнува со дигитален процес на откуп  |  „Млекара Здравје“ се закити со 5 златни ѕвезди   |  „Нектар“ со линија за иновативни пакувања  |  „Слатка куќа“ на улица Македонија  |  „Тинекс“ со поддршка за ранливите групи  |  Tip of the Week® на англиски јазик  |  „Барила“ ќе вложи милијарда евра за одржливо работење  |  „Теско“ ја објави добивката од приватните марки  |  Успешно одржан првиот FMCG-самит во Љубљана  |  Најдобар HR менаџер e Eлизабета Мирчевска  |  „Генеза“ отвори нов погон  |  Попусти за корисниците на „Амазон прајм“ во „Хол фудс“  |   ||
   

Македонија: Многу производители, а малку органска храна во маркетите

14.03.2018

И покрај 500 регистрирани производители на органска храна во Македонија, домашните органски производи се сè уште малку застапени во супермаркетите.

 

Ова беше констатирано на средбата на претставници на производителите на органска храна, на граѓанските здруженија и од трговските синџири „Веро", „Тинекс" и „Рамстор",што се одржа деновиве во Стопанската комора на Македонија.

Според Организацијата на потрошувачите, трговските синџири покажуваат сè поголем интерес за пласман на органски производи, пред сè, поттикнати од зголемениот интерес за нив, особено од помладата популација.

За поголемо присуство на органската храна од домашно производство на полиците во супермаркетите, беше констатирано дека треба да се зголеми контролата на пазарот и се потребни гаранции дека тоа што се продава ги задоволува стандардите и правилата за производство на органска храна.

Меѓу причините, беа посочени и немањето  откупни центри, малите произведени количини и непостојаноста на изгледот и квалитетот на свежите производи.


Назад
 
 
 
 
back to top