IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Четврток, 13.12.2018 || „Виталиа“ продава и во Бангладеш   |  „Нектар“ и „Нелт“ се здружија во Србија   |  „Старбакс“ ќе отвори уште 2.100 ресторани ширум светот  |  „Жито маркети“ прослави 30 години   |  „Дм дрогерие маркт“ забележа двоцифрен раст   |  „Розе“ во „Вашингтон пост“   |  „Виолета“ ја разубави скопска Гинекологија   |  Vincinni извезува во Јужна Кореја   |  Тридневна дружба на вработените на „Макпрогрес“  |  „Лакталис“ го купува „Нестле“ во Малезија за 40 милиони долари   |  Трговците избраа ТОП 100 производи  |  Милијардер купи удел во Starbucks  |  Перутнина Птуј“ ќе продава салами во САД   |  „Метро Бугарија“ воведува автентични млечни продукти  |  Сертификати за компаниите што се фер со потрошувачите  |  „Унилевер“ нема да се сели во Холандија   |  Трговците бираат топ 100 производи   |  Битола стана дел од големиот проект „Coca-Cola Активни зони“   |  Производителите на чоколадо се насочуваат кон Исток   |  Трошоците на живот на месечно ниво намалени, на годишно имаат раст   |   ||
   

Германија: „Метро“ најави продажба на хипермаркетите „Реал“

19.09.2018
Германскиот малопродажен синџир „Метро" објави дека ќе го продава синџирот хипермаркети „Реал" и ќе се фокусира на големопродажбата.
Извршниот директор на „Метро" Олаф Кох веќе неколку години настојува да го пренасочи некогашниот моќен конгломерат кон големопродажбата, продавајќи ги стоковните куќи „Кауфхоф" и издвојувајќи го синџирот за електроника во самостојна компанија „Цекономи".

„Метро" веќе се обиде да го продаде синџирот хипермаркети, но не успеа да најде купувач, поради што тој дел од неговото работење, во претходното тромесечје, забележа загуба и пад на приходите за 7,2 отсто.

Од повлекувањето на „Волмарт" во 2006 година, странските компании се плашат од германскиот пазар каде доминираат „Алди" и „Лидл". Американскиот синџир на маркети, ги продаде објектите на „Метро", кој подоцна ги преименува во „Реал". 

Одредени аналитичари сметаат дека „Амазон" би можел да биде заинтересиран за купувањето на овие хипермаркети.

„Реал" опфаќа 282 објекти и вработува 34.000 луѓе, а во изминатите години се обиде да ја развие продажбата и преку интернет. Во финансиската година 2016/2017, приходите на „Реал" се намалени за 3,1 отсто, односно на 7,2 милијарди евра.



Назад
 
 
 
 
back to top