IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Четврток, 13.12.2018 || „Виталиа“ продава и во Бангладеш   |  „Нектар“ и „Нелт“ се здружија во Србија   |  „Старбакс“ ќе отвори уште 2.100 ресторани ширум светот  |  „Жито маркети“ прослави 30 години   |  „Дм дрогерие маркт“ забележа двоцифрен раст   |  „Розе“ во „Вашингтон пост“   |  „Виолета“ ја разубави скопска Гинекологија   |  Vincinni извезува во Јужна Кореја   |  Тридневна дружба на вработените на „Макпрогрес“  |  „Лакталис“ го купува „Нестле“ во Малезија за 40 милиони долари   |  Трговците избраа ТОП 100 производи  |  Милијардер купи удел во Starbucks  |  Перутнина Птуј“ ќе продава салами во САД   |  „Метро Бугарија“ воведува автентични млечни продукти  |  Сертификати за компаниите што се фер со потрошувачите  |  „Унилевер“ нема да се сели во Холандија   |  Трговците бираат топ 100 производи   |  Битола стана дел од големиот проект „Coca-Cola Активни зони“   |  Производителите на чоколадо се насочуваат кон Исток   |  Трошоците на живот на месечно ниво намалени, на годишно имаат раст   |   ||
   

Германија: „Метро“ ги објави резултатите од работењето и прогнозите за во иднина

16.12.2013
Германската трговска компанија „Метро" ги објави резултатите од работењето за првите девет месеци од 2013 година. Според извештајот, компанијата оваа година забележала загуба, но менаџментот изрази оптимизам во поглед на идното работење. 
 
Во периодот од јануари до септември „Метро" работел со нето-загуба од 71 милион евра. Ако се исклучат вонредните ставки, компанијата остварила нето-добивка од девет милиони евра. Добивката пред каматите и даноците порасната за 72% на 703 милиони евра, под влијание на еднократките ставки. Позитивното влијание на еднократките ставки е поврзано со продажбата на „Реал" во Источна Европа, а негативното со стечајот на трговскиот синџир „Практикер АГ", како и со трошоците за реструктуирање.
 
Останатите еднократни ставки се поврзани со трошоците за реорганизација на асортиманот со непрехранбени артикли во „Метро кеш & кери", се наведува во соопштението.  
 
Во 2013 година ги оставаривме нашите планови за ставките на приход и основната добивка, заклучи извршниот директор Олаф Кох, додавајќи дека трендот во темелните приходи е охрабрувачки. Очекуваме дека во новата деловна година значително ќе ја надминеме приспособената добивка  пред каматите и оданочувањето, ако се исклучат еднократките ставки, додаде тој.  

Назад
 
 
 
 
back to top