IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Понеделник, 15.10.2018 || „Лакталис“ го купува „Нестле“ во Малезија за 40 милиони долари   |  Трговците избраа ТОП 100 производи  |  Милијардер купи удел во Starbucks  |  Перутнина Птуј“ ќе продава салами во САД   |  „Метро Бугарија“ воведува автентични млечни продукти  |  Сертификати за компаниите што се фер со потрошувачите  |  „Унилевер“ нема да се сели во Холандија   |  Трговците бираат топ 100 производи   |  Битола стана дел од големиот проект „Coca-Cola Активни зони“   |  Производителите на чоколадо се насочуваат кон Исток   |  Трошоците на живот на месечно ниво намалени, на годишно имаат раст   |  Расте добивката на „ПепсиКо“   |  „Нестле“ е заинтересиран да купи бренд за минерална вода  |  Германските трговци продаваат преку интернет   |  Нов „Стокомак“ во Тетово  |  Експресна услуга на нова локација во Струга  |   Увозот на храна расте побрзо од извозот   |  Во септември пад на светските цени на храната   |  „Фуд стар“ ќе извезува пилешко месо во Кина   |  „Цедевита“ доби концесија за вода   |   ||
   

Свет: „Метро Бугарија“ воведува автентични млечни продукти

09.10.2018
„Метро Бугарија" ги обновува штандовите за млечни продукти во сите 11 продавници низ државата. Асортиманот на синџирот продавници нуди над 3.000 млечни продукти, од кои околу 200 се нови продукти. 

„Метро Бугарија" избра две компании за национални добавувачи на сирење, сирење и млеко произведени на традиционален начин - MP Shumen Vakom (трговска марка „Пастор") и „Лезидрен". Меѓу новите партнери на компанијата се и локалните млекарници, кои ќе испорачуваат автентични млечни производи во продавниците на „Метро" во регионот – како што се во Строево, во Пловдив и во Благоевград.  

Главниот акцент ни е ставен на тоа да го вратиме автентичниот бугарски вкус, кои се произведени во рамки на целиот синџир на снабдување во земјата и кои се разликуваат од индустриската храна, соопштија од „Метро Бугарија". 

Промените во одделот за млечни производи во овој синџир продавници вклучуваат и нови понуди од италијански, француски и балкански сирења. Тие ќе бидат претставени и поделени според потеклото, со што ќе им се олесни на клиентите полесно да ги најдат на полица и да го направат својот избор. 

Млечните производи обезбедуваат 8 отсто од приходите на „Метро Бугарија". За минатата година, приходите од продажбата што ги имаше компанијата се околу 830 милиони лева. 



Назад
 
 
 
 
back to top