IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Недела, 23.09.2018 || Голема забава со Петко, „Поточиња“ и вкусна храна пред Веро Тафталиџе  |  Данците бараат органска храна   |  „Едека“ воведува ласерски етикети   |  „Веро“ трајно ги намали цените на 650 производи   |  Се продава „Навип винарство“   |  Кроасаните 4U добија интернационален сертификат   |  „Метро“ најави продажба на хипермаркетите „Реал“  |  Македонија со национален штанд на најголемиот прехранбен самит во ЈИЕ   |  „Фонтера“ првпат работи со загуби   |  Сарај доби „Coca-Cola Aктивна зона“   |  Кочанскиот ориз не е со ГМО   |  „Витаминка“ изложува на саемот Worldfood Москва 2018   |  „Бовин“ прослави две децении постоење   |  „Бимилк“ му даде нов лик на Тумбе Кафе во Битола   |  „Лесковачка скара“ само со дозвола   |  „Бучен Козјак“ се редизајнираше – производите со нови дизајни веќе се на полица  |  Пивото ќе поскапи од 2019 година  |  Нова мобилна апликација на „Рамстор“   |  За три месеци одземени половина тон лажен мед   |  Нема потврда од науката дека ГМО се штетни   |   ||
   

Свет: Месото најскапо во Швајцарија

17.11.2017

Највисоки цени на месото помеѓу членките на Европската Унија имало во Данска, каде што месото е за околу 40% поскапо во однос на просечната цена на земјите од блокот, а најевтино е во Полска, каде што е 47% поевтино во однос на европскиот просек, соопшти Евростат престставувајќи ги најновите податоци.

Меѓу земјите со најевтино месо се Бугарија и Романија, со 44 и 41,1 проценти поевтино месо во однос на просекот во ЕУ, а меѓу земјите со најскапо месо се и Австрија, Шведска и Франција, со 37, 33,5 и 31,3 отсто повисоки цени во однос на просечните.

Во границите на целиот континент, најскапо месо плаќаат жителите на Швајцарија, 157% поскапо во однос на европскиот просек, а месото е најевтино повторно во Полска, чии жители за месо плаќаат поевтино и од жителите на Србија, Црна Гора, Албанија и на Македонија.

Според анализата на статистичката служба на ЕУ, цените на месото во Србија се за околу 40% во однос на просечните цени во земјите од ЕУ, во Албанија за 46%, во Македонија - 43%, а во Црна Гора за 34%.

Според истражувањето што претходно го направи компанијата „Катервингс", неквалификуван работник во Швајцарија треба да работи 3,1 час за да купи еден килограм месо, а за килограм месо работник во Индонезија мора да работи 23,6 часа за килограм јунешко месо.


Назад
 
 
 
 
back to top