IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Понеделник, 23.07.2018 || „Луксол“ повторно работи  |  Трговски vs А-брендови  |  „Волмарт“ се повлекува од јапонскиот пазар  |   Нови бензиски пумпи на КТЦ  |  Добивката на „Плантаже“ изнесува 2,4 милиони евра  |  „Ошан“ воведе гласовен четбот за вино и храна  |  Нова франшизна продавница „Шпар партнер“  |  Специјално пиво по повод средбата Трамп-Путин  |  Доделени првите грантови за домашни компании  |  „Карлсберг“ отвора нова пиварница  |  Кинези ќе градат индустриски парк за овошје и зеленчук  |  Нов ИнфоЛогистички центар во Љубљана  |  „Велпро“ ќе ги поддржува малите трговци  |  Белград стана побогат за уште еден dm  |  Резултатите на „Пепсико“ се подобри од очекуваните  |  Кратошија меѓу најдобрите вина на британскиот пазар   |  „Интермарше“ за постари лица  |  Повисоки трошоци за живот и малопродажни цени во јуни  |  „Бимилк“ подари ново место за спорт и рекреација  |  „Унилевер“ го купи бугарскиот бренд сладоледи Denny  |   ||
   

Словенија: „Меркатор“ забележа загуба од 181 милион евра

08.05.2018
Минатата година „Меркатор" првпат од 2011 година оствари пораст на малопродажните приходи, за 2,5%, на 1,6 милијарда евра, но поради еднократна ревалоризација на вредноста на недвижниот имот бележи чиста загуба од 184 милиони евра.

Приходите од малопродажбата се зголемени за 2,5%, а финансискиот дел е намален за 21 милион евра. За загубата придонело погрешното вреднување на недвижниот имот, кој е намален за 1,4%, со што, пак, се зголемила загубата и се намалила вредноста на капиталот.

Можам да кажам дека ги исполнивме сите цели што ги зацртавме минатата година: намалување на задолженоста, уредно плаќање на доставувачите, почитување на колективните договори, како и општествена одговорност, објасни претседателот на Управата на „Меркатор", Томислав Чизмиќ.

Минатата година се обновени/отворени 261 продавница во регионот. Како особен успех Чизмиќ го споменува враќањето во БиХ, каде што за еден месец се преземени 83 продавници.

Од трговскиот синџир најавија дека од мај се воведува услугата плаќање со мобилен телефон.



Назад
 
 
 
 
back to top