IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Четврток, 13.12.2018 || „Виталиа“ продава и во Бангладеш   |  „Нектар“ и „Нелт“ се здружија во Србија   |  „Старбакс“ ќе отвори уште 2.100 ресторани ширум светот  |  „Жито маркети“ прослави 30 години   |  „Дм дрогерие маркт“ забележа двоцифрен раст   |  „Розе“ во „Вашингтон пост“   |  „Виолета“ ја разубави скопска Гинекологија   |  Vincinni извезува во Јужна Кореја   |  Тридневна дружба на вработените на „Макпрогрес“  |  „Лакталис“ го купува „Нестле“ во Малезија за 40 милиони долари   |  Трговците избраа ТОП 100 производи  |  Милијардер купи удел во Starbucks  |  Перутнина Птуј“ ќе продава салами во САД   |  „Метро Бугарија“ воведува автентични млечни продукти  |  Сертификати за компаниите што се фер со потрошувачите  |  „Унилевер“ нема да се сели во Холандија   |  Трговците бираат топ 100 производи   |  Битола стана дел од големиот проект „Coca-Cola Активни зони“   |  Производителите на чоколадо се насочуваат кон Исток   |  Трошоците на живот на месечно ниво намалени, на годишно имаат раст   |   ||
   

Србија: „Лидл“ наскоро во Чачак и во Параќин

14.03.2018
Трговскиот синџир „Лидл" пристигна и во Чачак, а објектот ќе се гради на просторот на некогашната компанија „Исхрана", на ул. „Белградска", потврди градоначалникот на Чачак, Милан Тодоровиќ.

Во тек е отстранување на сите објекти што се наоѓаат на оваа парцела, по што следува и изградбата. Според зборовите на градоначалникот, работа ќе добијат од 40 до 50 работници, а конкурсот ќе биде распишан во текот на пролетта. 

На 12 март, од општината се издадени сите потребни дозволи. Претставници на трговскиот синџир неколку пати беа кај нас, бидејќи бараат уште една локација. Тоа дополнително ќе се разгледува, рече Тодоровиќ.

Во тек е постапката за издавање на градежна дозвола за објектот што „Лидл" ќе го гради во Параќин, кој ќе биде на површина од 15.000 м². Ова го потврди претседателот на општината Параќин, Саша Пауновиќ. 

Инаку, германскиот трговски синџир неодамна објави конкурс за вработување на 1.000 луѓе во градовите низ Србија.



Назад
 
 
 
 
back to top