IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Среда, 16.01.2019 || „Виталиа“ продава и во Бангладеш   |  „Нектар“ и „Нелт“ се здружија во Србија   |  „Старбакс“ ќе отвори уште 2.100 ресторани ширум светот  |  „Жито маркети“ прослави 30 години   |  „Дм дрогерие маркт“ забележа двоцифрен раст   |  „Розе“ во „Вашингтон пост“   |  „Виолета“ ја разубави скопска Гинекологија   |  Vincinni извезува во Јужна Кореја   |  Тридневна дружба на вработените на „Макпрогрес“  |  „Лакталис“ го купува „Нестле“ во Малезија за 40 милиони долари   |  Трговците избраа ТОП 100 производи  |  Милијардер купи удел во Starbucks  |  Перутнина Птуј“ ќе продава салами во САД   |  „Метро Бугарија“ воведува автентични млечни продукти  |  Сертификати за компаниите што се фер со потрошувачите  |  „Унилевер“ нема да се сели во Холандија   |  Трговците бираат топ 100 производи   |  Битола стана дел од големиот проект „Coca-Cola Активни зони“   |  Производителите на чоколадо се насочуваат кон Исток   |  Трошоците на живот на месечно ниво намалени, на годишно имаат раст   |   ||
   

Ирска: „Лидл“ ја намалува употребата на пластична амбалажа за трговските брендови

16.03.2018

„Лидл" – Ирска извести за новите цели за намалување на употребата на пластика при изработката на амбалажа за своите приватни трговски марки, како дел од поширооката стратегија за одржливост на работењето.

До 2022 година, дисконтниот синџир планира да ја намали употребата на пластична амбалажа за 20%, а до 2025 година, во план е стопроцентна употреба на рециклирана амбалажа, за која 50% од суровините ќе потекнуваат од рециклиран материјал.

„Лидл" се обврза и дека ќе ги исфрли микрозрната од козметичките производи и од средствата за одржување на домот од своите приватни трговски марки.

Џон Пол Скали, извршен директор на „Лидл" за Ирска и за Северна Ирска, изјави дека трговецот поставил амбициозни планови за намалување на пластичниот отпад. Во тој контекст, за да ги намали количествата амбалажа, „Лидл" го проширува и изборот на непакувано овошје и зеленчук. Понудата од „слободно овочје и зеленчук" ќе сочинува околу 25% од вкупната понуда на свежи производи во тој оддел.

Извор: www.esmmagazine.com  


Назад
 
 
 
 
back to top