IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Сабота, 21.04.2018 || „Млин и пекара Љубаче“ со нова инвестиција  |  Natur Premium пристигнува на македонскиот пазар  |  „Монделез“ вложува 90 милиони евра во „фабрика на иднината“  |  „Рамстор“ го отвори 25.маркет  |  „Хенкел“ отвори нова фабрика Somat во Крушевац  |  „Сан Пелегрино“ со приход од 895 милиони евра  |  „Карфур“ ги отвори првите пунктови испорака за пешаци  |  „Персу“ ги повика локалните производители да соработуваат  |  „Кимберли Кларк“ ќе го проширува капацитетот во Алабама  |  „Витамин“ на саемот во Мостар  |  Владимир Косијер нов генерален директор на „Пивара Скопје“  |  „Амазон“ е во преговори со авио-превозникот „Азул“  |  „Домаќа трговина“ со ново место за пазарење  |  Клучно одобрување на „Бајер“ за „Монсанто“  |  „Витаминка“ го рестартира производството на Брилијант  |  Во Сплит отворен првиот супермаркет „Шпар гурмет“  |  Розовиот Kit Kat пристигнува и во Европа  |  „Млекарнa Целеиа“ забележа пораст од 9%  |  „Ошан“ лансира нов формат во Украина  |  „Мирана“ ја купи „Аронија здрава храна“  |   ||
   

САД: „Костко“ е подобар од другите дисконтери

15.03.2018

По анализата на финансиските резултати, „Костко" потврди дека е еден од најсилните дисконтни синџири во малопродажбата, но од компанијата велат дека постои оправдана загриженост за иднината на работењето.

Споредбените резултати од продажбата, кои се клучен показател за работењето, ги надминале прогнозите на аналитичарите во последниот фискален квартал и донеле приход и заработка повеќе од проекциите на „Вол стрит". Сепак, вредноста на акциите се намалила за 1%, што е знак дека инвеститорите бараат уверливи резултати, особено поради разочарувачките бројки што ги остварија „Волмарт", „Таргет" и „Долар три".

Иако „Костко" во најголем дел останал имун на пазарните освојувачки походи од „Амазон", „Вол стрит" сепак го поставува прашањето колку долго ќе трае таа предност. Засега, работењето на трговецот е стабилно и бележи пораст од месец во месец. „Костко" ја прошири понудата преку интернет и воведе нови опции за достава, со цел да покаже дека може да ја поддржи и е-трговијата.

Одлуката на „Волмарт" да затвори 63 продавници „Семс клаб",би можела да му донесе на „Костко" дополнителни приходи во износ од 1,8 милијарди долари.

Извор: www.esmmagazine.com


Назад
 

 
 
 
back to top