IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Четврток, 23.11.2017 || Просечната нето-плата во септември – 23.229 денари  |  Голем пораст за приватните трговски марки на „Теско“  |  Амазон оди „во шопинг“  |  „Попова кула“ со добивка од 4,8 милиони денари  |  Задолжителна квота за жени во управувањето со компаниите  |  „Дониа“ наградена со јубилејно признание  |  „Алибаба“ со нова инвестиција од 2,9 милијарди долари   |  Почнува втората потрага по „Добри брендови“  |  „Хол фудс“ со поголеми снижувања за премиум членовите на „Амазон“  |  „Тиквеш“ го претстави годинашното младо вино  |  Argeta веќе се произведува и во САД  |  Поповолна економска состојба во преработувачката индустрија во октомври   |  Зголемен прометот во индустријата во септември  |  Деловни средби за нови партнерства  |  Унапредување на трговските односи меѓу двете земји  |  „Нестле“ ќе го реорганизира бизнисот со храна за бебиња  |  „Нимрод“ е втор снабдувач со дивеч во Европа  |  Крањските колбаси собраа 1.200 посетители  |  „Кооп“ воведува свинско без антибиотици  |  Месото најскапо во Швајцарија  |   ||
   

Македонија: „Кока-кола ХБЦ“ и „Пивара Скопје“ – лидери по четврти пат

12.09.2017

„Пивара Скопје" и другите членки на групацијата „Кока-кола ХБЦ", и годинава го освоија првото место во светската индустрија за пијалаци, според остварените резултати и заложбите за одржливост и заштита на животната средина.

Во годинешното глобално рангирање според индексот на одржливост „Дау Џонс" (The Dow Jones Sustainability Indices – DJSI), „Кока-кола ХБЦ" повторно освои најмногу поени – 90, што е за 38 поени повеќе од просекот на другите компании од светската индустрија за пијалаци. Резултатот, четврта година последователно, им го донесе на македонската пиварница и на другите компании во составот на групацијата статусот – глобални лидери во одржливост.

Да се биде дел од групација, која четврти пат по ред е прогласена за глобален лидер според резултатите и заложбите за одржливост, е огромно признание за сите вработени во „Пивара Скопје", но и за сите наши партнери, соработници, купувачи и потрошувачи. Сите тие имаат свој удел во остварувањето на досегашниот успех и заедно треба да бидеме горди на него. Истовремено, лидерството во оваа област значи и дополнителен мотив и инспирација во наредниот период да работиме уште посилно и подинамично за постигнување на долгорочните цели за одржливост, со што дополнително ќе придонесеме за социо-економскот развој на целата заедница, изјави Јован Радосављевиќ, генерален директор на „Пивара Скопје".

Во текот на минатата година, пиварницата реализирала и неколку дополнителни проекти, како што се: имплементирање современи методи во производството (во согласност со новиот стандард ИСО 50001), кои се однесуваат на зголемување на топлинската ефикасност, понатамошно вградување на системи за рециклирање на водата што се користи во процесот на производството, како и редукција на тежината на пластичната (ПЕТ) амбалажа.

Дополнително, компаниите во составот на „Кока-кола ХБЦ", меѓу кои и „Пивара Скопје", минатата година инвестирале вкупно 7,3 милиони евра за различни еколошки проекти, обуки за стекнување вештини кај младите, проекти за едукација на децата за заштита на здравјето и безбедноста во училишните средини, како и за развој на повисока свест за потребата од селекција и рециклирање на отпадот.

Од конкретните резултати што компаниите во составот на „Кока-кола ХБЦ" ги постигнеле минатата година за одржлив развој, се издвојуваат: дополнително намалување за 6% на јаглеродните емииси во атмосферата, остварена дополнителна заштеда на вода од 3% годишно или вкупна заштеда од 30% во однос на 2010 година, како и дополнителна заштеда на енергија од 5% годишно, се наведува во соопштението на групацијата.


Назад
 

 
 
 
back to top