IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Недела, 25.02.2018 || „Маџид ал Футам“ отвора уште 100 објекти „Карфур“  |  „Диа“ оствари бруто-продажба во износ од 10 милијарди евра  |  Рамљак поднесе неотповиклива оставка  |  Пораст на „Шпар“ од 6,5% по проширувањето  |  За 40-от роденден, Стоби Флипс во вселената  |  Успешно спроведена докапитализација на „Бадел 1862“  |  „Нектар“ закупи најголемо земјиште во Владичин Хан  |  „Фереро“ ќе лансира сладолед Kinder, кој ќе го произведува „Унилевер“  |  dm најави партнерство со „Деметер“  |  „Универекспорт“ ја демантираше поврзаноста со лажната наградна игра  |  „Рекит Бенкисер“ најавува финансиско заздравување  |  Наскоро лабораторија за контрола на квалитетот на карловачките вина  |  „Алди норд“ и „Алди зид“ ќе соработуваат во натпреварот со „Лидл“  |  Турци заинтересирани за изградба на најголемата кланица  |  „Амазон“ отвора неколку дистрибутивни центри  |  Американците се „жедни“ за Corona  |   „Лидл“ ја отвори 93. продавница  |  Успешна година за „Шпар“  |  Извозот кон Русија зголемен за 10,6%  |  Пазарот на пакувана вода вреди 2,8 милијарди евра  |   ||
   

Свет: Истражување: Десет технолошки трендови во 2014 година

24.12.2013
Со оглед на тоа што 2013 година се приближува кон крајот, „Ериксон Консумер Лаб" спроведе истражување во кое ги идентификуваше десетте технолошки трендови во 2014 година. Повеќе од 15 години „Консумер Лаб" ги испитува начините и навиките на луѓето при користењето на ИКТ-производи и услуги. Во студиите учествуваат околу 100.000 луѓе од повеќе од 40 земји низ светот.  


1. Апликациите ќе го менуваат општеството. Високата пенетрација и користењето на паметните телефони целосно ги променија начините на комуникација и начините на коишто го користиме интернетот. Денес влегуваме во нова фаза во којашто корисниците бараат апликации што ќе им помогнат при извршувањето на дневните обврски, купувања, комуникацијата со државните институции. Апликациите стануваат поважни од телефонот на кој се користат. 

2. Вашето тело како лозинка. Корисниците денес имаат профили на голем број сајтови и социјални мрежи, а помнењето на лозинките станува вистинска главоболка. Токму затоа се зголемува интересот за биометриските алтернативи. Според истражувањето на „Ериксон", 52% од корисниците на паметни телефони сакаат да го користат отпечатокот од прстот наместо лозинка, а 48% се заинтересирани за скенирање на зеницата на окото како начин за отклучување на телефонот. Дури 74% од испитаниците сметаат дека паметните телефони со овие опции ќе бидат вообичаена појава во 2014 година. 
 
3. Подобро запознавање на себеси. Крвниот притисок, пулсот и бројот на чекори се само дел од ставките што корисниците сакаат да ги мерат со своите мобилни апарати. Речиси 40% од испитаниците одговориле дека сакаат нивните паметни телефони да ги забележуваат сите физички активности во текот на денот. 

4. Интернет на секое место. Задоволството на корисниците од интернетот на нивниот паметен телефон и понатаму е под гласовната комуникација. Корисниците сфаќаат дека бројот на цртички што ја покажува јачината на сигналот не мора да биде релевантен показател и на квалитетот, бидејќи она што е доволно за добра гласовна комуникација не е секогаш подеднакво добро и за услугите за интернет. 

5. Паметните телефони ќе го намалат дигиталниот јаз. Пристапот на интернет не е воедначен на глобално ниво. Сепак, поевтините паметни телефони за корисниците претставуваат идеална замена за поскапите домашни компјутери што можат да се поврзат на интернет. Дури 51% од испитаниците истакнале дека за нив мобилниот телефон е највредниот апарат, а за многумина и единствен начин да се поврзат на интернет.
 
6. Придобивките преовладуваат над грижите. Интернетот стана составен дел од нашите животи, а ризикот да се биде „онлајн 24 часа" станува сè поголем. Речиси 56% од испитаниците изразиле загриженост за својата приватност, но само 4% истакнале дека поради тоа интернетот ќе го користат во помала мера.
 
7. Гледаме што ни кажуваат другите. Иако имаме сè поголеми можности во изборот на начинот на гледање на видеата, големо влијание на нашиот избор имаат нашите пријатели. Дури 38% од испитаниците одговориле дека неколку пати во текот на неделата гледаат видеа по препорака на пријателите. 

8. Поголема контрола на протокот. Вкупно 48% од корисниците на својот паметен телефон користат апликации што го следат протокот на податоци кога се поврзани на интернет. Од нив 33% сакаат да се уверат дека потрошиле точно толку колку што им наплаќа операторот, а 31% сакаат да се ограничат за да не потрошат повеќе од она што го имаат во пакетот што го користат. 

9. Сензори на секое место. До крајот на 2016 година речиси 60% од корисниците на паметни телефони очекуваат дека сензорите ќе се користат речиси секаде – од здравството, превозот, автомобилите, сè до куќите и нивните работни места. 

10. Видео на повеќе апарати. Вкупно 19% од емитуваната содржина оди на паметните телефони и таблетите. Токму поради тоа, корисниците сè почесто ја менуваат локацијата каде што следат ТВ-програма и тоа го приспособуваат на својот начин на живот. Многумина ќе почнат да гледаат серии дома, ќе ги паузираат и ќе продолжат да ги гледаат на мобилен апарат додека се возат до работното место. Како ќе ја менуваат локацијата, така ќе ги менуваат и апаратите. 
 
За компанијата „Ериксон"
„Ериксон" е еден од светските лидери во доменот на телекомуникациските услуги и технологии. Оваа компанија обезбедува услуги, софтвер и инфраструктура во ИКТ-секторот за мобилните оператори и за други индустрии. „Ериксон" работи во 180 земји и вработува повеќе од 110.000 луѓе. Компанијата е основана во 1876 година со седиште во Стокхолм во Шведска и е регистрирана на берзите NASDAQ OMX во Стокхолм и NASDAQ во Њујорк.



Назад
 

 
 
 
back to top