IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Сабота, 23.06.2018 || „Крафт-Хајнц“ го продава Complan?  |  Отворена е 100. „Бипа“  |  „Кока-кола“ го проширува погонот во Унгарија  |  „Прилепска пиварница“ донира за Центрите за аутизам  |  „Збербанк“ ќе биде сопственик на 39,2% од „Агрокор“  |  „НТ Болеро“ отвори погон за преработка на овошје во Топола  |  „Шпар“ го отвори првиот супермаркет во Малта  |  Нови можности за квалитетните македонските вина   |  „Мегле“ почнува со дигитален процес на откуп  |  „Млекара Здравје“ се закити со 5 златни ѕвезди   |  „Нектар“ со линија за иновативни пакувања  |  „Слатка куќа“ на улица Македонија  |  „Тинекс“ со поддршка за ранливите групи  |  Tip of the Week® на англиски јазик  |  „Барила“ ќе вложи милијарда евра за одржливо работење  |  „Теско“ ја објави добивката од приватните марки  |  Успешно одржан првиот FMCG-самит во Љубљана  |  Најдобар HR менаџер e Eлизабета Мирчевска  |  „Генеза“ отвори нов погон  |  Попусти за корисниците на „Амазон прајм“ во „Хол фудс“  |   ||
   

Македонија: Индекси на трошоците на животот и на цените на мало за март 2018

10.04.2018

Индексот на трошоците на животот во март 2018 во однос на претходниот месец изнесува 100,00, а индексот на цените на мало 99,9, соопшти Државниот завод за статистика.

Пораст на индексите на трошоците за живот во март годинава, во споредба со месецот пред тоа, бил забележан кај свежото и кај разладеното овошје, за 7,1%, кај житата за 1,6%, кај замрзнатото овошје за 1,2%, кај компирите за 0,9%, кај млекото за 0,8%, сирењето и урдата за 0,5%, кај дел од пекарските производи за 0,3% и кај трбушките за 0,2%.

Намалување на индексите на трошоците на животот биле забележани кај оризот за 1,5%, кај јајцат за 0,6%, кај рибите, морските плодови и кај јогуртот за 0,5%, и за 0,3% кај сушеното, соленото и чаденото месо.

Индексот на трошоците на животот во март 2018 година, во споредба со март 2017 година, забележал пораст од 1,6%, а индексот на цените на мало - пораст за 2,9%.


Назад
 
 
 
 
back to top