IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Петок, 16.11.2018 || „Виталиа“ продава и во Бангладеш   |  „Нектар“ и „Нелт“ се здружија во Србија   |  „Старбакс“ ќе отвори уште 2.100 ресторани ширум светот  |  „Жито маркети“ прослави 30 години   |  „Дм дрогерие маркт“ забележа двоцифрен раст   |  „Розе“ во „Вашингтон пост“   |  „Виолета“ ја разубави скопска Гинекологија   |  Vincinni извезува во Јужна Кореја   |  Тридневна дружба на вработените на „Макпрогрес“  |  „Лакталис“ го купува „Нестле“ во Малезија за 40 милиони долари   |  Трговците избраа ТОП 100 производи  |  Милијардер купи удел во Starbucks  |  Перутнина Птуј“ ќе продава салами во САД   |  „Метро Бугарија“ воведува автентични млечни продукти  |  Сертификати за компаниите што се фер со потрошувачите  |  „Унилевер“ нема да се сели во Холандија   |  Трговците бираат топ 100 производи   |  Битола стана дел од големиот проект „Coca-Cola Активни зони“   |  Производителите на чоколадо се насочуваат кон Исток   |  Трошоците на живот на месечно ниво намалени, на годишно имаат раст   |   ||
   

Германија: „Игло“ ја зголеми продажбата за 15%

16.05.2018

Производителот на смрзната храна „Игло" извести за пораст на продажбата во Германија за 15% во текот на минатата година.

Од компанијата велат дека порастот на продажбата се припишува на зголемената побарувачка на зеленчук, пред сè, на спанаќот Blubb и на рибата. Вкупно, германскиот пазар за смрзната храна во 2017 година се зголемил за 1,7%.

Менаџментот на компанијата, која во 2015 година беше преземена од „Номад фудс", вели дека спровел низа стратешки промени за да го зголеми пазарниот удел.

„Номад фудс" е присутна во 13 европски земји со брендовите Iglo, Findus и Birds Eye. Во изминатата фискална година, компанијата остварила органски пораст за 4%, а нето-вредноста остварена од продажба достигнала 2 милијарди евра.

Мултимилионската инвестиција во фабрика за преработка на зеленчук во германскиот град  Мунстерланд, овозможи двојно зголемување на производствените капацитети, стои во соопштението на компанијата, во кое се додава дека компанијата во земјата има уште еден производствен погон за смрзната риба, во Бремерхафен и оти вработува околу 1.450 луѓе во земјата.

Во април годинава, „Номад фудс" го заврши преземањето на „Грин ајл фудс" сопственикот на брендот пици Goodfella's за 230 милиони евра во кеш.

Извор: www.esmmagazine.com


Назад
 
 
 
 
back to top