IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Четврток, 13.12.2018 || „Виталиа“ продава и во Бангладеш   |  „Нектар“ и „Нелт“ се здружија во Србија   |  „Старбакс“ ќе отвори уште 2.100 ресторани ширум светот  |  „Жито маркети“ прослави 30 години   |  „Дм дрогерие маркт“ забележа двоцифрен раст   |  „Розе“ во „Вашингтон пост“   |  „Виолета“ ја разубави скопска Гинекологија   |  Vincinni извезува во Јужна Кореја   |  Тридневна дружба на вработените на „Макпрогрес“  |  „Лакталис“ го купува „Нестле“ во Малезија за 40 милиони долари   |  Трговците избраа ТОП 100 производи  |  Милијардер купи удел во Starbucks  |  Перутнина Птуј“ ќе продава салами во САД   |  „Метро Бугарија“ воведува автентични млечни продукти  |  Сертификати за компаниите што се фер со потрошувачите  |  „Унилевер“ нема да се сели во Холандија   |  Трговците бираат топ 100 производи   |  Битола стана дел од големиот проект „Coca-Cola Активни зони“   |  Производителите на чоколадо се насочуваат кон Исток   |  Трошоците на живот на месечно ниво намалени, на годишно имаат раст   |   ||
   

САД: „Хол фудс“ со поголеми снижувања за премиум членовите на „Амазон“

21.11.2017

„Амазон" соопшти дека во пресрет на Денот на благодарноста, ќе ги намали цените на најпродаваните прехранбени производи во своите продавници, а премиум членовите на е-трговецот, ќе добијат поголеми попусти од регуларните потрошувачи.

Намалените цени ќе бидат воведени во САД за производи, како што се органска мисирка, пилешки гради, шкампи, конзервирани тикви, органска брокула, мешавини од салати и компир. На пример, цената на органската мисирка, која изнесувала 3,49 долари за една фунта, сега е намалена и за премиум членовите чини 2,99 долари.

Џон Маки, коосновач и генерален директор на „Хол фудс", вели: Ова се најновите ниски цени во интеграцијата со „Амазон", што е само почеток на иновациите. Тој додаде дека за неколку месеци, колку што двете компании се заедно, се покажало дека многу добро се вклопиле.


Назад
 
 
 
 
back to top