IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Вторник, 21.08.2018 || АХВ има список од 30 можни производители на ГМО ориз  |  Акцизите за цигари и алкохол нема да се плаќаат однапред  |  „Хенкел“ оствари добри резултати во вториот квартал годинава  |  ДИС отвори два маркета во Параќин  |  Законот за петокраката може да го забрани Heineken  |  „Констелејшн брендс“ вложува 5 милијарди долари во марихуана  |  Скопско ги враќа маалските дружби во Карпош  |  Нов начин на пакување на бананите  |  Наскоро ќе се знае судбината на „Равница“  |  Во Србија храната се купува на одложено  |  „Унилевер“ има нов логистички партнер  |  Реновиран „Рамстор“ во Ново Лисиче  |  „Шпар“ ќе отвори уште 80 објекти  |  Успешно прво полугодие за „Баерсдорф“  |  Осмислена првата паметна кошница за мед  |  ЕУ одобри извоз на млеко од БиХ  |  Спорните соини шницли на „Виталиа“ содржат ГМО  |  За домашната ракија ќе се плаќа акциза  |  „Лидл“ го намалува прехранбениот отпад  |  Ќебапи и плескавици со пилешко се продавале како свински и говедски  |   ||
   

Германија: „Хенкел“ оствари добри одржливи резултати

12.03.2018

Компанијата „Хенкел" минатата година остварила напредок во имплементацијата на стратегијата за одржливост и достигнувањето на целите за одржливост.

Горди сме на фактот што многу меѓународни агенции за рејтинг ги оценија нашите достигнувања со одлични оценки и ја признаа „Хенкел" како една од водечките светски компании во областа одржливост, изјави Кетрин Менгес, извршна потпретседателка за човечки ресурси и претседателка на Советот за одржливост во компанијата.

Компанијата „Хенкел" се стреми да создаде одржлива вредност за клиентите и за потрошувачите, но и за целокупното општество, а истовремено планира да ја зголеми тројно ефикасноста до 2030 година, стои во соопштението на компанијата, во кое се додава дека во 2017 година бил направен конкретен напредок во достигнувањето на преодните цели за 2020 година, во споредба со почетната 2010 година. Потрошувачката на енергијата и емисијата на јаглероден диоксид (по тон производ) се намалиле за 24%, количеството на отпад (по тон производ) за 32%, а потрошувачката на вода (по тон производ) – се намалила за 24%. Заштитата при работа (за 1 милион работни часа) е подобрена за 17%, а нето-продажбата (по тон производ) е зголемена за 5%.

Генерално, „Хенкел" го подобрил односот меѓу остварената вредност и еколошкиот печат за 43% во однос на почетната 2010 година, а до 2020 година, компанијата планира да ја зголеми ефикасноста на искористување на ресурсите за 75%. Освен тоа, до 2030 година „Хенкел" ќе се стреми во целост да користи електрична енергија од обновливи извори во производството, а преодната цел е до 2020 година да оствари покритие за 50% од производството.


Назад
 
 
 
 
back to top