IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Понеделник, 23.07.2018 || „Луксол“ повторно работи  |  Трговски vs А-брендови  |  „Волмарт“ се повлекува од јапонскиот пазар  |   Нови бензиски пумпи на КТЦ  |  Добивката на „Плантаже“ изнесува 2,4 милиони евра  |  „Ошан“ воведе гласовен четбот за вино и храна  |  Нова франшизна продавница „Шпар партнер“  |  Специјално пиво по повод средбата Трамп-Путин  |  Доделени првите грантови за домашни компании  |  „Карлсберг“ отвора нова пиварница  |  Кинези ќе градат индустриски парк за овошје и зеленчук  |  Нов ИнфоЛогистички центар во Љубљана  |  „Велпро“ ќе ги поддржува малите трговци  |  Белград стана побогат за уште еден dm  |  Резултатите на „Пепсико“ се подобри од очекуваните  |  Кратошија меѓу најдобрите вина на британскиот пазар   |  „Интермарше“ за постари лица  |  Повисоки трошоци за живот и малопродажни цени во јуни  |  „Бимилк“ подари ново место за спорт и рекреација  |  „Унилевер“ го купи бугарскиот бренд сладоледи Denny  |   ||
   

Германија: „Хенкел“ останува посветен на продолжување на порастот

14.05.2018

Компанијата „Хенкел" оствари позитивни резултати во првиот квартал годинава и покрај потешкотиите во испораката на FMCG-производите во Северна Америка.

Забележавме органски пораст на продажбата и продолжуваме со порастот на коригираната маржа ЕБИТ. Ја подобривме коригираната заработка по приоритетни акции, и покрај негативните валутни движења, истакна Ханс ван Бајлен, генерален директор на компанијата, кој додаде: Врз основа на резултатите, ја потврдуваме прогнозата за фискалната 2018 година и остануваме посветени на континуираниот органски пораст.

Во првиот квартал од 2018 година, продажбата достигнала до 4,8 милијарди евра, а негативните валутни флуктуации влијаеле на продажбата со 8,6%. Органската продажба, која не го вклучува влијанието на валутните движења и на аквизициите, забележала пораст за 1,1%, додека придонесот од преземањето и продажбата на уделот, достигнал до 3%. Кога станува збор за номиналниот пораст, продажбата забележала пад од 4,5% во однос на минатогодишното квартално ниво.

Поради валутните движења што имаа негативно влијание од 6,2%, приспособениот оперативен профит (ЕБИТ) достигнал 842 милиони евра, што е за 1,4% помалку во споредба со првиот квартал од 2017 година. Коригираниот приход од продажба, се зголемил за 0,5 процентни поени на 17,4%, додека коригираниот принос по приоритетна акција (ЕПС) се зголемил за 1,4%, односно од 1,41 евра на 1,43 евра.

Во поглед на органскиот пораст, во првиот квартал годинава бизнис-секторот детергенти и средства за чистење забележал благ пад на продажбата од 0,7%, а коригираниот оперативен профит изнесувал 291 милион евра, за 2,5% помалку во споредба со првиот квартал минатата година. Во секторот производи за нега и убавина, органската продажба се намалила за 4,3% во првиот квартал, а во поглед на номиналното движење, продажбата остварила резултат од 965 милиони евра. Бизнис-секторот атхезиви и технологии забележал силен пораст на органската продажба од 4,7%, додека номиналниот пораст на продажбата изнесувал 2,27 милијарди евра, во споредба со 2,29 милијарди евра во минатогодишниот квартал.

Во текот на годинава, „Хенкел" очекува пораст на органската продажба од 2 до 4% во бизнис-секторите атхезиви/технологии и детергенти/средства за чистење, додека за секторот за нега и убавина, очекува пораст меѓу 0 и 2%. За коригираниот приход од продажбата (ЕБИТ), „Хенкел" очекува зголемување за повеќе од 17,5%, за што очекува дека ќе придонесат сите три бизнис-сектори. Компанијата очекува и пораст на коригираниот принос по приоритетна акција од 5 до 8%.


Назад
 
 
 
 
back to top