IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Сабота, 23.06.2018 || „Крафт-Хајнц“ го продава Complan?  |  Отворена е 100. „Бипа“  |  „Кока-кола“ го проширува погонот во Унгарија  |  „Прилепска пиварница“ донира за Центрите за аутизам  |  „Збербанк“ ќе биде сопственик на 39,2% од „Агрокор“  |  „НТ Болеро“ отвори погон за преработка на овошје во Топола  |  „Шпар“ го отвори првиот супермаркет во Малта  |  Нови можности за квалитетните македонските вина   |  „Мегле“ почнува со дигитален процес на откуп  |  „Млекара Здравје“ се закити со 5 златни ѕвезди   |  „Нектар“ со линија за иновативни пакувања  |  „Слатка куќа“ на улица Македонија  |  „Тинекс“ со поддршка за ранливите групи  |  Tip of the Week® на англиски јазик  |  „Барила“ ќе вложи милијарда евра за одржливо работење  |  „Теско“ ја објави добивката од приватните марки  |  Успешно одржан првиот FMCG-самит во Љубљана  |  Најдобар HR менаџер e Eлизабета Мирчевска  |  „Генеза“ отвори нов погон  |  Попусти за корисниците на „Амазон прајм“ во „Хол фудс“  |   ||
   

Германија: „Хенкел“ го заокружи вториот квартал со нови рекорди

04.09.2017

Компанијата „Хенкел" соопшти дека остварила силни резултати во вториот квартал од годината, достигнувајќи нови рекорди во кварталната продажба, коригираниот оперативен профит и коригираниот приход од продажба, како и во заработката по приоритетна акција.

Продажбата забележа значителен пораст на околу 5,1 милијарди евра и сите три сектори придонесоа за позитивниот развој, истакна Ханс ван Бајлен, извршен директор на компанијата.

Според него, тоа се одлични резултати во предизвикувачките пазарни услови, особено затоа што се очекува нестабилно и несигурно пазарно опкружување во текот на целата 2017 година.

Од 5,098 милијарди евра, продажбата во вториот квартал годинава забележала номинален пораст од 9,6% во споредба со истиот период претходната година. Позитивните ефекти од аквизицијата и од продажбата изнесувале 7,4%, што пред сè, е резултат на купувањето на компанијата „Сан продуктс".

Органската продажба забележала пораст од 2,2%, коригираниот оперативен профит за 11% (на 909 милиони евра), коригираниот приход од продажба се зголемил за 0,2 процентни поени на 17,8%, додека коригираниот принос по приоритетна акција – забележал пораст за 10,7% (на 1,55 евра).


Назад
 
 
 
 
back to top