IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Понеделник, 24.09.2018 || Голема забава со Петко, „Поточиња“ и вкусна храна пред Веро Тафталиџе  |  Данците бараат органска храна   |  „Едека“ воведува ласерски етикети   |  „Веро“ трајно ги намали цените на 650 производи   |  Се продава „Навип винарство“   |  Кроасаните 4U добија интернационален сертификат   |  „Метро“ најави продажба на хипермаркетите „Реал“  |  Македонија со национален штанд на најголемиот прехранбен самит во ЈИЕ   |  „Фонтера“ првпат работи со загуби   |  Сарај доби „Coca-Cola Aктивна зона“   |  Кочанскиот ориз не е со ГМО   |  „Витаминка“ изложува на саемот Worldfood Москва 2018   |  „Бовин“ прослави две децении постоење   |  „Бимилк“ му даде нов лик на Тумбе Кафе во Битола   |  „Лесковачка скара“ само со дозвола   |  „Бучен Козјак“ се редизајнираше – производите со нови дизајни веќе се на полица  |  Пивото ќе поскапи од 2019 година  |  Нова мобилна апликација на „Рамстор“   |  За три месеци одземени половина тон лажен мед   |  Нема потврда од науката дека ГМО се штетни   |   ||
   

Македонија: „Гранап“ со нова е-продавница granapdoma.mk

08.05.2018
Од почетокот на мај, потрошувачите од централното подрачје на Скопје ќе можат да пазарат од дома, преку новата е-платформа granapdoma.mk.
Трговскиот синџир „Гранап" воведе нова услуга за своите потрошувачи, можност за пазарење од дома, со што постои можност за избор на повеќе од 6.000 производи, колку што е понудениот асортиман на оваа е-продавница.

Тоа по што сме различни од другите е понудата на целосниот асортиман достапен и во маркетите „Гранап", по истите цени, со истите промоции на производи. Потрошувачите можат да направат нарачка над 1.000 денари, доставата е бесплатна, но освен тоа тие можат нарачката да си ја подигнат од маркетот. Уште нешто по што сме различни е можноста нарачката да се плати во готово, при подигнување на доставените производи, изјави за InStore Икица Павлоски, менаџер на е-продавницата granapdoma.mk.

Засега е најавено дека достава ќе има во Влае, Карпош (1,2,3,4), Козле, Центар, Аеродром, Лисиче и Кисела вода, но во зависност од развојот и барањата на потрошувачите може да се прошири во другите општини на територијата на Град Скопје.



Назад
 
 
 
 
back to top