IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Четврток, 13.12.2018 || „Виталиа“ продава и во Бангладеш   |  „Нектар“ и „Нелт“ се здружија во Србија   |  „Старбакс“ ќе отвори уште 2.100 ресторани ширум светот  |  „Жито маркети“ прослави 30 години   |  „Дм дрогерие маркт“ забележа двоцифрен раст   |  „Розе“ во „Вашингтон пост“   |  „Виолета“ ја разубави скопска Гинекологија   |  Vincinni извезува во Јужна Кореја   |  Тридневна дружба на вработените на „Макпрогрес“  |  „Лакталис“ го купува „Нестле“ во Малезија за 40 милиони долари   |  Трговците избраа ТОП 100 производи  |  Милијардер купи удел во Starbucks  |  Перутнина Птуј“ ќе продава салами во САД   |  „Метро Бугарија“ воведува автентични млечни продукти  |  Сертификати за компаниите што се фер со потрошувачите  |  „Унилевер“ нема да се сели во Холандија   |  Трговците бираат топ 100 производи   |  Битола стана дел од големиот проект „Coca-Cola Активни зони“   |  Производителите на чоколадо се насочуваат кон Исток   |  Трошоците на живот на месечно ниво намалени, на годишно имаат раст   |   ||
   

Свет: „Фонтера“ првпат работи со загуби

19.09.2018
Новозеландска „Фонтера", најголем извозник на млечни производи во светот, ја објави својата прва годишна загуба во историјата на фирмата, поради зголемени трошоци и значителни еднократни ставки. 
 
Во финансиската година што заврши во јули, компанијата работеше со загуба по оданочувањето од 128,5 милиони долари. 
„Фонтера" е своевидна задруга чии сопственици се фармери (околу 10.500), а која откупува млечни производи од новозеландските сточари и ги продава на странски компании. 

На деловните резултати дополнително влијаеше повеќемилионска отштета исплатена на францускиот производител на млечни производи „Данон", поради неоснована паника околу контаминација на производи во 2013 година. 

Лани, „Фонтера" имаше приход од 12,6 милијарди долари. Поради финансиските загуби, просечен сточар (кој има 414 крави), член на задругата, ќе изгуби околу 5.300 долари. 



Назад
 
 
 
 
back to top