IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Недела, 24.06.2018 || „Крафт-Хајнц“ го продава Complan?  |  Отворена е 100. „Бипа“  |  „Кока-кола“ го проширува погонот во Унгарија  |  „Прилепска пиварница“ донира за Центрите за аутизам  |  „Збербанк“ ќе биде сопственик на 39,2% од „Агрокор“  |  „НТ Болеро“ отвори погон за преработка на овошје во Топола  |  „Шпар“ го отвори првиот супермаркет во Малта  |  Нови можности за квалитетните македонските вина   |  „Мегле“ почнува со дигитален процес на откуп  |  „Млекара Здравје“ се закити со 5 златни ѕвезди   |  „Нектар“ со линија за иновативни пакувања  |  „Слатка куќа“ на улица Македонија  |  „Тинекс“ со поддршка за ранливите групи  |  Tip of the Week® на англиски јазик  |  „Барила“ ќе вложи милијарда евра за одржливо работење  |  „Теско“ ја објави добивката од приватните марки  |  Успешно одржан првиот FMCG-самит во Љубљана  |  Најдобар HR менаџер e Eлизабета Мирчевска  |  „Генеза“ отвори нов погон  |  Попусти за корисниците на „Амазон прајм“ во „Хол фудс“  |   ||
   

Европа: „Фереро“ ќе лансира сладолед Kinder, кој ќе го произведува „Унилевер“

22.02.2018

Италијанскиот кондитор „Фереро" ќе го лансира првиот сладолед во април годинава, со што ќе го прошири портфолиото на брендот Kinder.

„Фереро" го осмислил рецептот и го дефинирал производот преку брендот Kinder, а „Унилевер" ќе го произведува и ќе биде одговорен за неговата промоција. За почеток, се планира лансирање на Kinder Bueno во корнет, Kinder на стапче и сендвич-сладолед Kinder, а подоцна ќе бидат достапни и други екстензии на производот. Слодоледот ќе биде достапен за потрошувачите во Франција, Германија, Швајцарија и во Австрија.

Жан-Батист Сантул, директор на „Фереро" – Франција, за францускиот магазин „Лез еко", изјавил дека лансирањето на сладоледот е од големо значење на компанијата, со оглед на тоа што брендот Kinder остварува 40% од вкупните приходи на компанијата во Франција.

Уште еден приоритет за „Фереро" во Франција годинава е и бизнисот во сегментот бисквити, кој на тој пазар остварува годишен приход од околу 1 милијарда долари. Намерата на компанијата е да ја забрза меѓународната продажба на белгиските премиум бисквити Delacre, кои ги презеде од „Јунајтед бискитс" во декември 2016 година.

Извор: www.esmmagazine.com


Назад
 
 
 
 
back to top